Со цел да имате подобра контрола и да се спречи ризикот за било какви грешки на Вашите вработени воведуваме нови контроли во малопродажното работење во HELIX. Овие контроли ќе Ви помогнат да бидете сигурни дека сите процеси од Вашето работење функционираат согласно сите стандарди и закони во малопродажното работење.
Како да ја активирате опцијата?
Сите контроли работат во позадина и нема да има потреба да правите никакви промени во начинот на работа, ниту пак ќе треба дополнителна обука за Вашите вработени. За да ја активирате опцијата за контрола во малопродажното работење едноставно треба да го направите следното подесување:

Безбедност при ажурирање на продажна цена и количина во малопродажба
Воведовме нова контрола која ќе Ви помогне процесот на ажурирање на цени да биде беспрекорен без можност за грешки во количината и цената:
- При внесување на влезна фактура или приемница, во формата за внесување на производ, HELIX автоматски ја предлага последната продажна цена задолжена по приемни документи или по нивелација. Доколку сакаме, можеме да ја промениме оваа продажна цена на производот при самиот влезен документ.
- При излез од калкулација во малопродажба се појавува прашање „Дали документот е финален?”. Доколку ја изберете опцијата „Да” во случај на влезна калкулација се прават проверки и доколку е потребно се генерира или само нивелација или нивелација и дневен промет. Доколку се избере опцијата „Не” тогаш не се прават никакви проверки, ниту пак се генерира нивелација или дневен пазар, односно калкулацијата останува во изработка. Количината на производите ќе биде достапна за продажба веднаш при самиот внес на производот во калкулацијата. За да се промени количината на веќе внесен производ, прво се прават строги контроли и доколку контролите дозволат тогаш се менува цената.
Правила за промена на количина во содржина на малопродажни калкулации
За еден производ, промена на количина или бришење на производ е дозволена само во следниве ситуации:
Влезна или излезна малопродажна калкулација
Доколку после влезната или излезна калкулација има нивелација за производот, не се дозволува промена на количина или бришење на производ и истото е дозволено само доколку таа промена не предизвикува минусен лагер.
Нивелација
Промена на количина или бришење на производот е дозволено само доколку после нивелацијата нема работење со тој производ *1.
Правила за промена на датуми на малопродажни калкулации
Следните дозволи и забрани важат при промена на датум на документ и се однесуваат на периодот на промена (ПП), помеѓу претходниот и новиот датум на документот *2.
Рачно внесена Малопродажна приемница
– Промена на датум
Дозволено е само ако во периодот на промена (ПП)*2, ниту еден производ нема работење
Испратница од магацин во продавница
– Промена на датум на излезната калкулација
Дозволено само ако во ПП*2, ниту еден производ од малопродажната приемница, нема работење
Преносница од Продавница1 во Продавница2
– Промена на датум на преносницата
1. Ако во ПП*2, за двете калкулации ниту еден производ нема работење*1, со промена на појдовната калкулација, се менува и датумот на дестинационата
2. Ако во појдовната калкулација ниту еден производ нема работење*1, а ова не важи за производите од приемницата во дестинационата продавница, може да се промени датумот само на појдовната.
Нивелација (верифицирана)
– Промена на датум
Дозволено само ако во ПП*2, ниту еден производ нема работење*2
Дневен пазар, излезна фактура и повратница без дестинација
– Промена на датум
Дозволено само ако во ПП*2, ниту еден производ нема работење*2
Правила за бришење на малопродажни калкулации
Испратница од магацин во продавница
– Бришење на излезната калкулација
Дозволено е само ако во ПП*2, ниту еден производ од малопродажната приемница нема работење
Преносница од Продавница1 во Продавница2
– Бришење на повратницата (од појдовната продавница)
Дозволено е само ако ниту еден производ од двете калкулации (дестинационата и појдовна), нема работење*1
Правила за дополнително ажурирање на малопродажни калкулации – корекции или дополнување
Испратница од магацин во продавница или Преносница од една во друга продавница
– Промена на количина или продажна цена на производ
Дозволена е промена, само доколку е дозволена за истиот производ во дестинационата малопродажна калкулација, под исти услови како да се работи за рачно изработена и верифицирана приемница
– Внес на нов производ
Дозволена е промена, само доколку е дозволена за истиот производ во дестинационата малопродажна калкулација, под исти услови како да се работи за рачно изработена и верифицирана приемница
– Бришење на производ од претходно веќе внесена испратница или преносница
Дозволена е промена, само доколку е дозволена за истиот производ во дестинационата малопродажна калкулација, под исти услови како да се работи за рачно изработена и верифицирана приемница
Правило за затворање промет од online продавница, со подолг прекин на интернет конекција
Доколку продажните цени во оддалечена (online) продавница не се ажурирани поради прекин на интернет конекција и се изврши продажба по ненивелирани цени, со затворање на промет, истите ќе бидат изразени со последните продажни цени од документ, но со изразен рабат (позитивен или негативен) до цената со која е извршена продажбата. На тој начин ќе се запази правилото за последна продажна цена по документ (прием или нивелација), а износот од продажба нема да се промени.
*1 – Под поимот „има работење“ во некој период се подразбира дека во тој период за одреден производ постои:
- Барем еден незатворен парагон илиБарем една малопродажна калкулација
- Приемница (рачна, од магацин, од продавница)
- Нивелација
- Дневен пазар
- Излезна фактура
- Повратница
*2 – Период на промена (ПП) е период помеѓу претходен и нов датум, независно дали новиот датум е после или пред претходниот.