Почитувани,
Како и секоја година, се приближува терминот за отворање нова календарска година во HELIX Системот. Со таа цел, сакам да Ве информирам дека опцијата за префрлање шифрарници и салда е кориснички овозможена (Упатство за почетна состојба) но доколку повеќе сакате тоа да го реализира екипата на ZONEL Software, Ве замолувам да ги имате предвид подолу наведените моменти, за оваа задача да биде изведена навремено и професионално и покрај повеќекратно зголемениот обем на работа во претстојниот период.
Професионално, покрај другото, значи методолошки и кориснички исправно, проверено од наша и од Ваша страна, а од аспект на податоците со многу корисно системско чистење на непотребните записи, реиндексирање, забрзување и оптимизација и сигурносна копија на податочната база.
Како до термин?
Дефинитивно најбрз начин до термин за интервенција е преку Новиот E-support Систем кој успешно го имплементиравме претходната година. Нема повеќе зафатени телефони, неодговорени повици, одложување од разни причини … и сл. Сите вакви слични ситуации се веќе минато.
Со нов пристап зачекоривме кон неограничени можности и кон Ваше многу поголемо задоволство. За Новиот E-Support Систем испратени се неколку пораки до сите корисници, но и во оваа прилика Ве информираме дека повеќе детали околу постапката за негово користење можете да дознаете од следниот линк:
Упатство за новиот E-support Систем на ZONEL Software
E-Support Системот има највисок приоритет и не пропуштајте да дојдете до термин или помош од било кој вид, на најбрз начин и од најсоодветно стручно лице. Се разбира дека и телефоните и е-mail пораките функционираат, но со секундарен приоритет.
Дали постојат предуслови за префрлање почетна состојба?
За секој закажан термин претходи мала интерна консултација од повеќе сектори за проценка и закажување. Овде се земаат неколку битни фактори, кои драстично можат да го забрзаат одговорот од стана на ZONEL Software. Тоа се:
- Заостанат финансиски долг. Сметаме дека барем до крајот на годината, односно до префрлање на салдата, фер е да се подмири долгот кон ZONEL Software за да продолжиме со соработка во нова, поуспешна календарска година. Овој услов важи за сите корисници, независно од типот на договорот за одржување.
- За корисници со Мини пакет за одржување, според условите од договорот потребна е авансна уплата по изготвена и доставена профактура, зависно од проценката за потребно време и условите од новиот договор. Сепак, терминот ќе биде претходно одреден, но под услов уплатата да биде извршена во валутен рок од профактурата.
- За корисници со авансен годишен пакет, кои немаат заостанат долг, постапката ќе биде многу поскратена и терминот ќе биде соопштен веднаш по извршената проценка за времетраењето на интервенцијата
На крајот уште еднаш Ве повикувам на за што по навремено барање за отворање календарска година преку E-Support Системот, а за повеќе детали околу неговото користење можете да се информирате на претходно наведениот линк: Упатство за новиот E-Support Систем на ZONEL Software
Благодарам за разбирањето и Ви посакувам многу успех во новата година.
Зоран Настески
zoran.nasteski@zonel.com.mk
www.zonel.com.mk