Изработена е нова опција за печатење на фискална преку модулот за малопродажба. (програмска 7.50)

Во содржина на малопродажна калкулација поставено е ново копче Фискална сметка. Доколку веќе е испечатена фискална се појавува порака со прашање дали да се печати повторно фискална. Воведено е и поле кое се означува ако се печати сторна сметка.

Додадена е нова опција за повторна пресметка во малопродажна калкулација за ажурирање на цени. (програмска 7.50)

Опцијата е поставена во Преглед на содржина на малопродажна калкулација  Специјални опции -> Пресметка на сите со ажурирање на цени. При повторната пресметка се внесува последната продажна цена.

Додадена нова опција во содржина на малопродажна калкулација за Бришење на ставки со количина <= 0 или со иста стара и нова цена. (програмска 7.50)

Опцијата се наоѓа во Содржина на малопродажна калкулација -> Специјални опции-> Бришење на ставки со количина <= 0 или со иста стара и нова цена. Опцијата е видлива само за нивелации.

Со оваа опција се бришат производите во самата нивелација кои се копирани со количина 0 или помала од 0.

На урнекот за печатење на производи само со рабат, додадени се две дополнителни колони за ДДВ и маржа. (програмска 7.50)

Опцијата се наоѓа во Содржина на малопродажна калкулација -> Печатење -> Печатење само на производи со рабат.

Поставен е и рекапитулар со колони за продажен износ без ДДВ, рабат износ, ДДВ и продажен износ со ДДВ за сите тарифи 0%, 5%, 10% и 18%.

Во Малопродажба додадено ново поле “Датум на фактура”. (програмска 7.50)

Опцијата се наоѓа во Малопродажба -> Калкулации -> Нов/Промена. Новото поле има влијание само на книжењето.