Како и многу други можности што ги нуди HELIX програмот, имате можност и за внесување на Декларации на македонски и албански јазик, и печатење на истите.

Пополнувањето на декларации се овозможува во Шифрарници –> Производи, при промена или отворање на нов производ, во Опис:

Може да се внесе текстот за декларацијата на производот на македонски и на албански јазик, односно во првиот дел *Опис се запишува описот на македонски јазик, додека во вториот дел се запишува описот на албански јазик.

Додека во табот Други информации може да се внесе називот на производот на албански јазик.

При пополнување на погоре посочените полиња во HELIX има можност за печатење на истите и тоа:

При печатењето на декларацијата во нејзината содржина ќе биде декларацијата на производот на македонски јазик и на албански јазик

1. Во Шифрарник –>производи, од менито *Печатење има две опции и тоа:

  • Печатење декларации (селектирани производи)

Со +(плус) од тастатурата се прави селекција на сите производи, или доколку имате само одредени производи за селекција тогаш со *(ѕвезда) се прави селекција поединечно)

  • Печатење декларации (за еден производ)

Се печати производот на кој сте позиционирани.

2. Печатење на декларации исто така може да се отпечатат и од содржината на влезната, односно излезната калкулација од менито Печатење –> Печатење декларации.