При самото работење и внес на документи во програмот многу често може да се направат грешки кои заради големиот обем на работа не се детектирани од самите вработени.

Во HELIX има опција да се пронајдат грешките многу брзо и лесно. Таа опција се наоѓа во менито Систем – > Сервис –> Финансово.

Со влезот во Финансово, ќе се отвори ново прозорче во кое ќе може да избереме за каков проблем сакаме да направиме сервис.

  • Првиот сервис  односно број 1, се однесува за Детектирање на Ставки од главна книга за кои  датум на книжење или датум на налог не се во тековната година.

Со притискање на копчето 1, ќе се отвори ново прозорче кое ќе ве извести дека проверката е завршена.

Следен чекор е да го отворите извештајот.

Со отворање на извештајот ќе се прикажат сите документи кои се книжени со различен датум  на книжење и датум на налог. Овде има приказ на документот во целост, од која фирма е, налогот во кој е книжено, контото, датум на книжење и датум на налог.

  • Следниот Сервис кој е исто така од голема помош е сервис со реден број 2Проверка на датуми на налози.

Како и претходниот сервис така и кај овој, ќе Ви се појави прозорче дека проверката е успешно завршена, и со отворање на извештајот, ќе ви се појави листа со налози или датуми кои не се во тековната година.

  • Следен сервис е сервисот со број 4 – Откривање на аналитички книжења 120,220 без коминтент, кој е  најкорисниот и еден од сервисите кој Ви обезбедува најголема помош, всушност со овој сервис се скратува времето изгубено во барање на  аналитички книжења  на 120,220 без коминтент.

Постапката е иста како и претходните сервиси, со отворање на извештајот го дава следниот приказ на листа од аналитички книжења без коминтент: