Додадена можност за доделување на ДДВ тарифа на ново внесените производи на ниво на една калкулација. (програмска верзија 7.60)

Опцијата е достапна во материјално излезна калкулација, при креирање на нова или при промена на веќе постоечка калкулација. Истата се наоѓа во вториот таб – дополнителни.

Опцијата се користи како олеснување, кога имате калкулација во која сите производи се со иста ДДВ тарифа.

Додадена е нова можност во материјално- излез- филтер Ф12 да се прави филтрирање или селекција на калкулации соодветно внесениот опис (програмска верзија 7.60)

Оваа опција Ви дава можност при креирање на излезната калкулација да внесете некој опис или забелешка во самата излезна калкулација а потоа по истиот опис да направите пребарување со цел полесно наоѓање.

Потребниот опис се внесува во излезната калкулација во делот напомена.

Додадена е нова опција за бришење на селектирани ставки. (достапно со верзија 7.50)

Направена е нова олеснителна опција која ќе Ви овозможи во излезна калкулација да направите бришење на повеќе производи одеднаш. За да се избришат производите потребно е истите да ги селектирате (поединечно со * или пак масовна селекција со + од тастатурата) по соодветно селектирање на калкулации. Опцијата се повикува во Содржина на излезна калкулација -> Специјални опции -> Бришење на селектирани ставки.

Додадена нова опција за креирање на збирна фактура за комитент кога постојат повеќе испратници од подкомитенти (достапно со верзија 7.50)

Оваа опција се користи доколку имате креирано повеќе излезни испратници за одредени подкоминтети а сепак главната фактура треба да биде издадена на главниот коминтент.

Оваа опција е достапна во Материјално->излез->специјални опции->креирај збирна фактура за главен коминтент. За оваа опција да функционира услов е да бидат селектирани повеќе излезни калкулации кои имаат ист главен коминтент. Автоматски се прави збирна фактура за главниот коминтент.

Додадена нова опција во Материјално со која се овозможува печатење на КДФИ. (достапно со верзија 7.41)

Опцијата се стартува од Материјално -> Книга на дневни финансиски извештаи (КДФИ).

Во следниот чекор се избира магацинот и периодот за кој се печати КДФИ:

Оваа опција се корисна доколку печатите фискални сметки од магацин.