Сетирањето е достапно во систем-сетирања-плата, доколку се чекира ова сетирање истото функционира на тој начин што доколку во предходниот месец имате боледување или некои часови од други дефинирани ставки во пресметката на плата и доколку ги ископирате податоците од предходниот месец ќе се игнорираат часовите кои се внесени во дополнителните дефинирани ставки и сите часови ќе отидат во редовното работење. Во овој случај потребно е во новоискреираната плата да се направат нови соодвени промени.
Со ова сетирање се избегнува да се направи грешка за оние вработени кои користеле боледување и со копирање на платата нема истото да се ископира во наредниот месец.