Додадени се нови опции за копирање на селектирани калкулации во Услуги.

Опцијата се повикува од Материјално -> Услуги ->Специјални опции -> Копирање на селектирани калкулации

Опцијата се користи за комплетно копирање на искреираните услужни фактури, олеснува да немора да креирате исти фактури постојано туку едноставно да ги копирате.

Додадена е нова опција за копирање на сите производи од лагер листа во во пописна калкулација со датум еднаков на крајниот датум на лагерот.

Опцијата се повикува од Материјално->Лагер листа -> Специјални Опции -> Копирање на лагер листа во пописна калкулација.

Со повикување на оваа опција се креира влезна калкулација во магацинот за кој сме ја повикале опцијата.

Калкулацијата е со тип контролен попис и со соодветен датум кога е повикана самата опција.

Во содржината на истата е целата содржина од лагер листата.

Креиран е нов извештај за приказ на производи за кои е направена промена на цена.

Извештајот се повикува од Малопродажба -> Други прегледи -> Извештај за промена на цена

Извештај за промена на цена за соодветен период и конкретно избрана продавница. Се добива извештај соодветно променетите цени.

Додадена е нова опција за префрлање на ставка од налог во друг налог.

Оваа опција се повикува во Содржина на налог -> Специјални опции.

Со кликање на опцијата се појавува формата за избор на налог, доколку се избере налог (со избор или ентер) позиционирата ставка се префрла во друг налог а со ESC или излез не се префрла)

Со помош на оваа опција доколку по грешка сте направиле книжење во погрешен налог, истото лесно може да го префрлите во точниот налог.

Додадена е опција за масовна промена на конта од книжењата за определен период и селектирани (незаклучени) налози

Опцијата се повикува од Финансово-Налози->Специјални опции->Промена на конто за селектирани налози.

Со оваа опција може да направите масовна промена на контото за книжење во повеќе селектирани налози за кокретен период, при оваа постапка треба да внимавате налозите да не се заклучени за да може да се изврши промената.

Внесувате кое е контото за замена и во кое треба да се замени. Потврдувате на копчето Во ред.

Изработен нов извештај за доспеани документи.

Во финансово-> извештаи-> доспеани документи, додадена е  можност за дефинирање на извештај согласно вашите потреби. Коминтентот има можност да избере дали извештајот ќе се прикажува по датум на валута или датум на документ.