Како се креира производствена калкулација во материјално работење.

Во материјално излез кога се креира производствена калкулација , важно е да се одбере производство Да.

Потоа откако ќе се повика готовиот производ , задолжително треба да се направи Распоред на трошоци  ( раздолжи репро материјали Ф6 ) и повторно да се повика со Ф10 готовиот производ и да се избере распоред на набавна цена.

Прием на на производите пред креирање на излез

Во материјалното работење секогаш  е задолжително да има влезна калкулација, пред да се креира излезна калкулација за производите.

Односно во материјално  излез кога ќе се одбере соодветниот магацин и се креира нова влезна калкулација посебно треба да се внимава на датумот кој треба да биде пред излезната калкулација.

Креирање на преносница во материјално работење

Во материјалното работење при креирање на преносница од магацин во продавница, потребно е да се назначи дестинациона продавница како крајна дестинација во излезната калкулација.  

Контролен попис

Во материјалното работење во влез, потребно е да се направи контролен попис

Потоа се повикуваат сите производи со нивната фактичка состојба со количината која е изброена

и задолжително треба да се повика лагер листата, со датумот кој е правен контролниот попис за да правилно се искреираат споредниот влез и излез во материјално.

Откако ќе се повика точниот датум со кој е внесен контролниот попис во менито функции се повикува споредбен лагер без ДДВ

Со повикување на оваа опција во програмот автоматски се генерираат две калкулации во материјално влез и материјално излез, односно споредбен влез и споредбен излез.

Работење со негативни количини

Кога се работи во минус, односно ( минусни количини), во влезната калкулација задолжително е потребно да се пушти упросечување, за да се добие коректна просечна набавна цена.