Во продолжение накратко ќе објасниме како самите можете да направите мали промени на урнекот на фактура, односно како да поставите лого на самиот урнек на фактура и доколку немате потреба од некоја колона која ја има во дифолтниот урнек кој оди првично со самата инсталација на програмот како истата да ја тргнете.
Потребно да бидете влезени во содржината на веќе креираната калкулација односно излезна фактура, од десната страна во горниот агол освен копчето Preview треба да ја селектирате и можноста Design, па потоа со кликање на копчето Фактура Ф4 се отвара самиот урнек на фактура со можност за дизајн.