Размислете кои податоци се критични за вашето работење! Дали собирате и обработувате податоци за корисниците на Вашите услуги и производи, или можеби евидентирате нарачки, фактури, испратници, податоци за плата и други документи кој опфаќаат финансиски податоци? Потоа размислете, колку долго би можеле да работите без нив?

Според последната анкета на Агенцијата за електронски комуникации, 50% од компаниите не прават бекап на податоците кои секојдневно ги обработуваат, а само 11% од компаниите снимаат резервни сигурносни копии од важните податоци најмалку еднаш неделно.

Секојдневното сигурносно копирање на податоците кој се дел од Вашето работење е неопходно заради обезбедување на сигурност и безбедност на податоците односно нивно безбедно зачувување и враќање на податоците во случај на безбедносен инцидент. Креирањето на резервна сигурносна копија Ви обезбедува да продолжите со работа во случај на инциденти и губење на оригиналните податоци, во случаи на поплава, пожар, физичко оштетување, кражба на опрема и документи, или вируси, како што се денеска модерните крипто-уцени.

Резервни копии на вашите податоци што можете брзо и целосно да ги повратите се најдобра заштита од сајбер-напади со софтвери за уцена – „рансомвер” (анг. ransomware).

Имајќи ја во предвид неопходната потреба на своите коминтенти и корисници од секојдневно зачувување на деловните податоците Зонел Софтвер, Ви ја прави достапна услугата за зачувување на податоците со кои секојдневно работите со правење на сигурносна копија, чување како и можност за повторно враќање на зачуваните лични податоци на следните начини:

  • Локално решение на Ваша опрема со инсталирање на екстерен диск
  • Зачувување на податоците на Cloud (облак) преку интернет, како и
  • Комбинирано решение од претходните две решенија, дизајнирано според Ваши потреби.

За услугата на зачувување на податоците како локално решение на Вашата опрема – екстерен диск, Вашите податоци со кои работите секојдневно се снимаат на посебен уред – екстерен диск,

Услугата за чување на податоци во Cloud (облак) значи дека ЗОНЕЛ Софтвер ги чува Вашите податоци на негова инфраструктура достапна преку Интернет. Исто така, можна е опција на Ваша опрема или интернет локација. На овој начин се обезбедува сигурно складирање на податоците физички одделени од Вашите компјутери.

Решението за чување на податоците на Cloud (облак) овозможува автоматско креирање на резервни копии без да поседувате напредни технички предзнаења. Автоматизираното правење резервни копии заштедува време и Ви гарантира дека секогаш најновите верзии од Вашите податоци ќе бидат зачувани.

ЗОНЕЛ Софтвер со услугата за чување на податоците на Cloud (облак) Ви овозможува редовно копирање на податочните бази на сигурна интернет локација, како и нивна превентивна проверка. Со оваа услуга се чуваат 7 копии од базата за последните 7 дена, 4 копии за последните 4 недели и 12 копии за последните 12 месеци и тоа со неограничен простор за чување на податоците.

Инаку, Во HELIX моментално имате можност за креирање на резервна копија на база на два начина:

  • Директно, моментално активирање на процесот за копирање на податоците во базата;
  • Со поставување на распоред за креирање на копија на база.

Сепак, овие копии остануваат на некој од Вашите компјутери, со извесен ризик од претходно наведените можни напади.

Вашето барање за оваа услуга можете да го испратите преку следната Веб форма.

За подетални информации околу горенаведените услуги, можете да не контактирате телефонски (02/2401-204, 2401-205 и 2402-274) или преку тикет системот.