Која е улогата на затворање на класа 4 и 7?

Во програмот Хеликс постои можност за автоматско затворање на класа 4 и 7, како и распоред на 8 и 9.

Овие опции се на следната патека: Финансово -> Затворање на ставки -> Затворање на класи 4 и 7 и/или Распоред(класа 8 и 9).

Со избор на опциите ви се појавува Потврда/порака,  Дали сакате контата да се затворат по Организациони единици?

Доколку фирмата работи со Организациони единици и сакате во истата да се затворат класите 4 и 7 по Организациони единици, изберете Да (F9), доколку не работите со Организациони единици или не сакате затворањето да биде по Организациони единици тогаш изберете Не (Esc).

По избор на било која од овие опции се јавува прозорец во кој се избира или се отвара нов финансов налог во кој е потребно да се изврши затварањето на класите 4 и 7 или распоред на 8 и 9, со самиот избор на налогот автоматски се извршува затварањето на класите 4 и 7 или распоред на класите 8 и 9, кои веднаш може да се избере за преглед на извршување на функцијата директно во налогот

За да се обработи Биланс на успех се потребни салдата на 4 и 7, поради тоа треба најпрвин да го обработите Билансот на успех, по обработката на Биланс на успех препорачуваме затворање на  класа 4 и 7.

Препорачливо е да се пушти Почетна состојба од кога ќе бидат затворени класи 4 и 7 како не би се префрлило салдо на истите, за да може да работите во следната тековна година.

Што се однесува до завршна пресметка, доколку АОП формулите не се дефинирани со салдо, туку со вкупно должи или вкупно побарува во тој случај ќе ги земе во предвид салдата на 4 и 7 без разлика што се затворени.