Почитувани корисници,
Ви претставуваме уште една промена, уште едно искачување на повисоко ниво, овој пат во грижата кон сите наши корисници, со спој на нов пристап и 30 години минато искуство. Тоа е e-Support, нашиот нов систем за поддршка.
За што се работи?
Со оглед на позитивното искуство со досегашниот „Тикет Систем“, истиот го збогатуваме со уште посилна опција, која произлегува од секојдневното искуство и Вашите потреби и барања.
Со сенс и постојана намера за што поквалитетна услуга, а врз основа и на богата статистичка историја, воведуваме промена во пристапот, кој со новиот e-Support ќе овозможи многу попрофесионален и поекспедитивен одговор на сите Ваши барања.
Што значи тоа?
Ова значи спојување на досегашната комуникација преку Тикет Системот и телефонска услуга од наша страна. Конкретно, сите Ваши барања, прашања и потреби, ги доставувате исклучиво преку Тикет во системот за e-Support, а во најкус рок добивате или одговор или најчесто телефонски повик од наш оператор. На Вашето поставено обраќање се врши претходна анализа и се одредува сектор и оператор кој е најсоодветно обучен, информиран и компетентен и автоматски неговиот телефонски повик до Вас претставува директно и најсоодветно решение и помош согласно Вашите потреби.
За таа цел, постоечкиот Тикет Систем во моментов e надграден со малку попрецизно лоцирање на областа од Вашето обраќање и податок за телефонски број и лице на кое би се обратил нашиот оператор. Значи телефонската комуникација останува, но многу поорганизирана и насочена кон попрофесионална и поекспедитивна цел.
Со ребрендирање на стариот „Тикет систем“ и негов развој во многу важни сегменти ја издигнуваме корисничката поддршка на едно повисоко ниво, како замена за застарениот принцип на телефонска поддршка. Нашата грижа за тоа да бидете секогаш на време услужени ни е на прво место. Новиот e-Support е наједноставен и најбрз начин како да добиете одговор на сите Ваши прашања или барања поврзани со нашите производи и услуги.
Што би значело ова во пракса?
За решавање на било каков проблем пријавен од Ваша страна, често е потребно да се вклучат повеќе сектори од нашата компанија. Од сега e-Support ќе претставува едно ново искуство применувано и од светски компании со резултат: Навремена информација до вистинскиот човек! Експресно решавање на Вашиот проблем! Без забелешки! Без долго чекање! Навремената информација, пресудна за добро функционирање на секој систем! Во моментов e-Support е несомнено најдобар систем за поддршка во нашата земја!
Што добивате со новиот e-Support ?
- Најбрз одговор од наша страна на сите Вашите барања
- Одговор од најкомпетентен сектор и оператор
- Комуницирате секогаш со секторот кој е задолжен за одреденото барање
- Без грижи и недоразбирања
- Web ориентиран и најпрактичен систем
- Систем лесен и едноставен за користење
- Највисок приоритет во опслужувањето
- Поголема интерактивност и експедитивност
- Следливост во која фаза е реализацијата на Вашето барање
- Богата датотека на често поставувани прашања (ЧПП)
Уште постабилна врска!
Со новиот e-Support нашата врска станува уште посилна! Знаете дека сме тука секогаш за сите Ваши барања и потреби! Воведуваме нов систем за една модерна и кул соработка. За уште постабилна врска и искрено пријателство!
e-Support со сите свои предности и силен ентузијазам ќе стартува од 04.07.2022 година.
Срдечен поздрав,
Зоран Настески
(управител)
ZONEL Software
ERP Solution