Во новата верзија на програмот HELIX направени се одредени измени во модулот за пресметка на плата, во делот за внес и промена на дефинираните ставки. Истите се направени со цел да се поедностави начинот на кои се дефинираат карактеристиките на дефинираната ставка како и да се избегне можноста за некоректни или контрадикторни подесувања.

Креирање на нова дефинирана ставка

При креирање на нова дефинирана ставка, било во формата за дефинирани ставки за сите вработени (Преметка на плата -> Дефинирани ставки), или директно во пресметка кај конкретен вработен, се користи ново креиран водич кои во неколку чекори го води корисникот до коректно креирана дефинирана ставка.

Најнапред се внесуваат шифрата (незадолжително) и описот на ставката, па потоа се продолжува со дефинирање на останатите карактеристики. Во првиот чекор се дефинира основната намена на новата ставка, а доколку има повеќе чекори се дефинираат и останати карактеристики. Како можности за избор се следните:

  • Редовно работење – Ставка за редовно работење (треба да има само една)
  • Дополнителни ставки – Дополнителни ставки за кои влегуваат пресметките за придонеси на пр. Прекувремено, Ноќна работа, Работа на празник, Работа во Недела итн.
    • Прекувремено
    • Останато
  • Боледување – Ставка за боледување со избор на шифра за боледување
  • Одмори – Ставка за одмор, може да биде годишен или принуден одмор
    • Годишен одмор
    • Принуден одмор
  • Корекции – Ставка за корекции на платата (задршки или додатоци на платата)
    • Награди – Се внесува позитивен износ или часови за пресметка на награда/бонус
      • Награда – Награда се внесува позитивен износ или часови за пресметка на наградата со соодветен процент
      • Бонус – Бонус се внесува позитивен износ во полето за износ
    • Казни – Казна внес на негативен износ или неплатени часови
      • Казна (негативен износ) – се внесува само износот како негативна вредност
      • Неплатени часови – Неплатени часови се внесуваат часови за кои се намалува нето износот без намалување на основицата за пресметка на придонеси
      • Неплатено отсуство – Неплатено отсуство се внесуваат часови и за овие часови се намалува основицата за пресметка на придонеси
    • Кредит – Се внесува негативен износ во полето за износ, со задолжителен внес на комитент
  • Синдикат / Осигурување – Ставка за членување на синдикат или осигурување

Со правилен избор на карактеристиките, дефинирана ставка е однапред дефинирана на еден од дозволените начини:

  • За внес само на часови и процент (без можност за внес на износ), ако се работи за ставка која часовите мора да ги пресмета на специфичен начин или да ги изрази во МПИН со засебна шифра
  • За внес само на износ (позитивен или негативен) ако истиот се однесува на промена на бруто основицата, или само негативен ако се работи за задршка на нетото за исплата
  • За внес на часови или износ, но не и двете, ако се работи за ставка која се пресметува и изразува во плата според колективен договор

По дефинирањето на карактеристиките, секогаш може да се дефинираат и останати параметри на ставката, на пример: процент кај ставка која е дефинирана во часови, или шифра за боледување од одреден тип.

Промена на дефинирана ставка

Доколку се кликне на „Промена“ на веќе креирана дефинирана ставка се гледаат избраните карактеристики на истата, но не може директно да се менуваат. За таа цел повторно се користи водичот за промена. Чекорите на водичот се потполно идентични како и при креирање на нова дефинирана ставка.

Пополнувањето на вредностите во ставката зависи од начинот на кој истата е дефинирана, т.е. нема да биде овозможено внесување на износ кај ставка која е дефинирана само со часови (и процент) и обратно. Исто така ако ставката е дефинирана да се пополнува со износ, позитивни вредности се можни само доколку истата се однесува и на основицата за пресметка на придонеси.