Материјалната евиденција на производите подразбира и целосна контрола врз количините поставени на залиха. Магацинското работење подразбира и физичко пребројување на количините на залиха и нивна споредба со количините евидентирани во програмот за материјално работење, со цел проверка на тековното работење.

Во Хеликс системот постои опција со која автоматски се прави споредба помеѓу физички преброената количина на залиха во магацинот и количината внесена во софтверот.

За да внесете калкулација контролен попис во системот, потребно е во материјално – влез да креирате НОВА калкулација со тип КОНТРОЛЕН ПОПИС.

Типот на калкулацијата КОНТРОЛЕН ПОПИС, означува дека калкулацијата нема да биде евидентирана како влез во магацинот. Истата се користи само за пребројување на количината помеѓу тоа што е изброено (физички) на залиха и она што е внесено во софтверот. Покрај типот на калкулацијата, важен податок е и датумот на калкулацијата. Тоа значи дека системот при споредба на количината на производите на залиха во магацинот,  ќе го земе во предвид датумот на калкулација и до тој датум ќе направи пребројување и споредба на количините на залиха.

Следен чекор е пополнување на содржината на калкулацијата со производите кои се физички преброени.

Со притискање на копчето НОВ, се внесува нов производ. По повлекување на производот од шифрарникот на производи и запишување на шифра, тарифа и ед.мерка, во полето количина потребно е да се внесе физички преброената количина на производот. Полињата за внес на денарската набавна цена не се задолжителни. Пребројувањето во контролниот попис, ги  третира количините на производите.

По завршување на процесот на внесување на производите, следи активирање на процесот на споредбен лагер од лагер листата во материјалното работење.

При преглед на лагер листата, Крајниот датум на лагер листата треба да биде согласно датумот на калкулацијата – контролен попис.

Следно, во лагер листата, во менито Функции треба да се повика опцијата за споредбен лагер без ддв за да се активира опцијата за пребројување во контролниот попис.

По активирање на опцијата, со започнување на процесот на споредбен лагер,  во зависност од тоа дали се работи за парцијален или целосен контролен попис на количината, потребно е да се одговори на пораката која се прикажува. Оттаму доколку фирмата прави парцијален попис (само на определени производи наведени во калкулацијата) во магацинот, за системот да не ги третира и другите количини кои не се наведени во калкулацијата и реално ги има на лагер, потребно е да се кликне на НЕ.

Доколку фирмата прави целосен попис, кој треба да ги опфати сите количини на залиха во магацинот,  тогаш е потребно да се избере опцијата ДА.

По завршувањето на процесот на споредбен лагер, состојбата со количините внесени во пописната калкулација е фактичка состојба на лагер листата. Сите производи кои се вишок/кусок се евидентирани во калкулацијата споредбен влез / споредбен излез.

Во лагер листата во менито специјални опции има можност за печатење на пописна листа. На пописната листа како документ, може да се забележи колку е фактичкиот кусок/вишок на споредените количини.