Со новата верзија 7.40 на корисниците им е достапна новата опција со која се воведува можност да одберат на кој начин би се одвивал процесот на автоматското книжење на основните средства и на кое збирно конто да се искнижи трошокот за амортизацијата.
Со додавање на овие можности корисниците имаат опции за поставување на конта за книжење на повеќе места: доделување на конто на ниво на дефинирање на основното средство, дефинирање на конто за книжење при отворање или избор на амортизациона група и дефинирање на збирно конто за книжење на трошок.
При самото отворање на основното средство при внесување на основните податоци може да се постави конто за книжење на амортизација на средството кое моментално се внесува во програмата.