Почитувани,
Како и секоја година, се приближува терминот за отворање нова календарска година во HELIX Системот. Со таа цел, сакам да Ве информирам дека опцијата за префрлање шифрарници и салда е кориснички овозможена, но доколку повеќе сакате тоа да го реализира екипата на ZONEL Software, Ве замолувам да ги имате предвид подолу наведените моменти, за оваа задача да биде изведена навремено и професионално и покрај повеќекратно зголемениот обем на работа во претстојниот период.

Професионално, покрај другото, значи методолошки и кориснички исправно, проверено од наша и од Ваша страна, а од аспект на податоците со многу корисно системско чистење на непотребните записи, реиндексирање, забрзување и оптимизација и сигурносна копија на податочната база.

Меѓусебна поддршка околу состојбата со Ковид-19!

Во периодот кој следува, сакам да Ве замолам на трпеливост. Со меѓусебна поддршка и  разбирање можеме да ги надминеме сите новонастанати ситуации. Нашите ресурси целосно се насочени во функција на обезбедување на најдобра услуга. Сепак, поради ситуцијата со Ковид-19, можно е да се случи поместување на некои закажани термини, а времето на наша реакција да биде малку по споро од вообичаеното. Поместувањето, секако би било за што пократок период, а интервенциите за почетна состојба ќе бидат реализирани според распоредот по кој се закажани. Апелирам, како најефикасна алатка за закажување на термин да се користи Тикет Системот за корисничка поддршка.

Како до термин?

Дефинитивно најбрз начин до термин за интервенција е преку ТИКЕТ Системот за корисничка поддршка. Нема повеќе зафатени телефони, неодговорени повици, одложување од разни причини … и сл. Сите вакви слични ситуации се веќе минато. Со новиот пристап чекориме кон неограничени можности и кон Ваше многу поголемо задоволство. За Тикет Системот  спратени се неколку пораки до сите корисници, но и во оваа прилика Ве информираме дека повеќе  детали околу постапката за негово користење можете да дознаете од следниот линк: Упатство за новиот Тикет Систем на ZONEL Software.

Тикет Системот има највисок приоритет и не пропуштајте да дојдете до термин или помош од било кој вид, на најбрз начин и од најсоодветно стручно лице. Се разбира дека и телефоните и е-mail пораките функционираат, но со секундарен приоритет.

Дали постојат предуслови за префрлање почетна состојба?

За секој закажан термин претходи мала интерна консултација од повеќе сектори за проценка и закажување. Овде се земаат неколку битни фактори, кои драстично можат да го забрзаат одговорот од стана на ZONEL Software. Тоа се:

  • Заостанат финансиски долг. Сметаме дека барем до крајот нагодината, односно до префрлање на салдата, фер е да се подмиридолгот кон ZONEL Software за дапродолжиме со соработка во нова,поуспешна календарска година. Овој услов важи за сите корисници,независно од типот на договорот за одржување.
  • За корисници со Мини пакет за одржување, според условите оддоговорот потребна е авансна уплата по изготвена и доставенапрофактура, зависно од проценката за потребно време и условитеод новиот договор. Сепак, терминот ќе биде претходно одреден, но под услов уплатата да биде извршена во валутен рок од профактурата.
  • За корисници со авансен годишен пакет, кои немаат заостанат долг, постапката ќе биде многу поскратена и терминот ќе биде соопштен веднаш по извршената проценка за времетраењето на интервенцијата

На крајот уште еднаш Ве повикувам на за што по навремено барање за отворање календарска година преку Тикет Системот, а за повеќе детали околу неговото користење можете да се информирате на претходно наведениот линк: Упатство за новиот Тикет Систем на ZONEL Software.

Благодарам за разбирањето и Ви посакувам многу успех во новата година.

Зоран Настески
zoran.nasteski@zonel.com.mk
www.zonel.com.mk
ZONEL Software