Со верзија 7.30 на нашите корисници им овозможивме опција за работа со неограничен број на параметри и параметарски групи. Станува збор за едноставен концепт кој има  посебна улога за клиентите кои работат материјално работење и/или производство. Целиот концепт започнува со внес на параметрите и параметарските групи кај производите во шифрарникот на производи.

Првично, потребно е да се дефинираат параметрите и параметарските групи во шифрарник на производи –> атрибути –>  парамeтри/параметарски групи.

Сл 1: Внес на параметар.

Во овој дел се внесуваат сите специфичности/параметри/карактеристики поврзани со производите. Првично се дефинира параметарот – во левата табела за параметри. По притискање на копчето НОВ, се отвораат полиња за внес на шифра и опис на параметри. Потоа со позиционирање на параметарот и притискање на НОВ, во десната табела за вредности, ја дефинираме вредноста на параметарот на кој сме позиционирани.

Сл 2: Внес на вредност на параметар.
Сл.3 Внес на параметри и вредности за производите.

По дефинирање на параметрите и нивните вредности, може да се дефинираат параметарските групи, во шифрарник на производи -> атрибути – > параметарски групи. Со притискање на копчето нов, се внесуваат шифрата и називот на параметарската група.

Сл. 4: Внес на параметарски групи.

По дефинирање на параметарски групи, потребно е да се доделат параметри и вредности на параметрите. Со притискање на копчето |>>| се отвара дополнителен панел за доделување на параметри и вредности на параметри.

Напомена* Потребно е да се позиционирате на параметарската група, па потоа да притиснете на копчето |>>|.

Сл.5: Доделување на параметри на параметарски групи.

Програмот ги прикажува претходно внесените параметри и вредности. Со притискање на копчето | > | се прави избор на параметрите кои сакаме да ги доделиме на групата на која сме позиционирани. Избраните параметри од колоната од достапни параметри се пренесуваат во табелата за избрани параметри.

Сл.6: Доделување на параметри и вредности на параметарски групи.

Откако ќе се доделат вредностите и параметрите на параметарската група, следи доделување на параметрската група кај производот.

Сл.7 Внес на параметарска група кај производот.

Со доделување на параметарската група кај производот, се заокружува процесот на дефинирање на параметри и параметарски групи кај производот.

Во моментов, концептот на работење со параметрите е имплементиран само во материјалното работење и производството.

Следен чекор е внес на производот на залиха во магацинот.

За таа цел, во материјално -> влез креираме нова калкулација. По дефинирањето на основните параметри на калкулацијата и внесот на производот/производите на залиха, следи внес на параметри за истите. Всушност, со внесот на параметрите детално се објаснува производот кој се поставува на залиха. Понатаму во евиденцијата во програмот, лагер листата на производот се води по внесените параметри.

Сл.8 Внес на параметарски групи при внес на производ во влезен документ.

За да се внесат параметрите на производот, потребно е да се кликне на копчето “Парам. групи”.

Притоа, се појавува панел како на сликата:

Сл.9 Внес на параметарски групи на залиха во материјално – влез.

Потребно е да се кликне на НОВ, за целосно да се отвори панелот за внес на количината по парам. групи. Следно, треба да се внесе колкава количина на производите припаѓа на некоја од параметарските групи. Односно, според примерот, треба да внесеме со која боја и со каков внатрешен дел е количината на производи кои ги поставуваме на залиха.

Пр. Ќе внесеме дека 5 тетратки од вкупната количина од 10 тетратки кои ги поставуваме на залиха, се со црвена корица, со квадратчиња. Од преостанатата количина, 3 тетратки би биле со зелена корица и со внатрешен дел по линии и 2 тетратки би биле со корица со дизајн и со внатрешен дел по тесни и широки линии.

Сл.10 Внесени параметри при влез на количина на залиха.

Првично, се внесува количината на производите па потоа се одбира со кои параметри е производот, со кликање на параметарот и одбирање на вредноста на истиот.

Внесената количина на залиха можеме да ја погледнеме преку лагер листата по параметри, која што можеме да ја видиме преку материјално – > други прегледи –> лагер листа по параметри .

Сл.11 Лагер листа по параметри

Во лагер листата по параметри, корисникот има можност да постави филтри според кој истиот би добил преглед на количината на залиха согласно неговите потреби.

Лагер листата дава можност за избор на магацин, параметар, вредност, параметарска група и период според кој може да се направи преглед односно филтрирање на производите.

Преку лагер листата, корисникот има можност да повика и материјална картица, посебно за некој од производите.

Сл. 12 Приказ на материјална картица по параметри
Сл. 13 Параметри по групи во излезни калкулации

При дефинирање на материјално – излезна калкулација и внес на основните податоци, како и внес на производот, следи дефинирање на параметрите на производот кој се раздолжува од магацинот.

Преку копчето нов, корисникот има можност да дефинира параметар на излезната количина.

Во примерот, направивме продажба на 5 тетратки, од кои 1 е со црвени корици и е со внатрешен дел по квадратчиња, 2 се со зелена корица и се внатрешен дел по линии како и 2 се со корица со дизајн и со тесни и широки линии.

Концептот на раздолжување на количината по параметри во софтверот може да се забележи и кај материјалното производство.

Корисникот има можност да постави параметри кај репроматеријалите, како и кај готовиот производ.

Со притискање на копчето парам. групи -> Нов може да доделат параметар на репроматеријалот/готовиот производ во производствената калкулација.

По внес на финалниот производ, со клик на парам. групи, се доделуваат парамтерите и нивните вредност на производот кој го произведуваме. Со раздолжување на репроматеријалите, корисникот има можност да внесе параметри и парам. вредности и на самите репроматеријали кои учествуваат во процесот на производството.

Сл. 14 Доделување на параметри на репроматеријалот во производствената калкулација.
Сл. 15 Доделување на параметри на финалниот производ во производствената калкулација.