Бруто билансот претставува табеларен преглед на состојбата на сите конта од главната книга во книговодството на една фирма во одреден период. Претставува опција со која што можеме да ја видиме состојбата на сите конта. Можеме да го повикаме во делот Финансово -> БРУТО БИЛАНС (РЕКАПИТУЛАР)     

По избор на оваа опција ни се отвара прозорец со критериуми за кој сакаме да го повикаме бруто билансот. Во продолжение ќе ги објасниме параметрите на Бруто Билансот, соодветно секоја опција за што служи.

1.Во почетен и краен датум го ограничуваме периодот за кој е потребно истиот да се повика.

2.Можност да го повикаме бруто билансот за одредени конта или оние конта кои почнуваа и завршуваат на одреден префикс односно суфикс. Да избереме само за конта од кој период до кој сакаме и ограничувањето на О.Е, .доколку ова поле со О.Е. остане празно, бруто билансот ќе прикаже податоци за целокупното финансово работење на фирмата, т.е. по сите организациони единици.

3.Можност за ограничување доколку има книжење само за одредена продавница или магацин.

4.При одбирање на комитент се прикажува книжење во бруто билансот само за избраниот комитент.

5.Книжење на одредена група.-Тип на трошок – може да биде директен или индиректен.

  1. При избор на опцијата “за фирми”-> тековна фирма се прикажува бруто билансот само за тековната фирма, доколку ја штиклираме опцијата “сите” извештај на бруто билансот ќе се извади за сите фирми. Исто така има и опција бруто билансот да ни се отвори по датум на налог (доколку го повикаме бруто билансот од 01.01.2021 до 30.06.2021 сите налози што ни се отворени заклучно со 30.06.2021 ќе влезат во извештајот, доколку ни е штиклирано по датум на книжење ќе ги земе во предвид сите книжење кои се заклучно со 30.06.2021(доколку налогот е отворен со 31.07.2021 а внатре во налогот има книжења и од 30.06.2021 на извештајот ќе бидат прикажани и книжењата од истиот тој налог).По датум на документ извештајот скоро во сите ситуации е ист како по датум на книжење

7.Комерцијални месечни прегледи. Преглед на книжења односно наплати.

8.Тип на бруто биланс-Денарски во ред Ф9 или

9.Девизен Ф5

По зададените критериуми за повикување на бруто билансот се отвара следниот преглед:

Ова е екранскиот преглед каде може да се погледнат книжењата по конта.

Покрај овие информации во горниот дел со помош на табовите можеме да добиеме дополнителни информации односно групирање на овој преглед. И тоа;

По дифолт добиваме преглед со аналитики книжења, но може да се повика и само според класи, групи, Синтетика, Синтетики(4), Синтетики(5), и на крај вкупно кое е пресметано од почетната состојба и тековното работење.

Во долниот лев агол се наоѓаат неколку опции за печатење;

  •    Печатење Landscape
  •    Скратено печатење Landscape и;
  •    Скратено печатење F3

За истите конта можеме да испечатиме комплетни картици.Опциите се наоѓа во специјални опции и тоа:

1.Печатење на картици за селектирани конта, печатење со почетна состојба и тековно работење, структурно печатење и структурно печатење без групи.

2.Заклучен лист претставува формат како претходното структурно печатење. Присуството на записи се однесува само за салда на синтетички групи и класи. За да се прикажат во заклучниот лист претходно во контниот план треба да бидат отворени синтетичките конта.

3.Издвоени аналитички и синтетички книжења на конта кои почнуваа на 4-ка и класа 7-ца.

4.Имаме уште два вида на печатење на бруто билан со аналитика и печатење на заклучен лист со аналитика.

Бруто билансот исто така има опција да се експортира во ексел, пример за опцијата имате во прилог.

Ова е предефиниран урнек, но има опција и за Export во MS Excel за гридот што го гледаме на екран да ни биде експортиран. Се позиционираме на трите точки што се наоѓаат во горниот десен агол и со десен клик на глувчето- ја избираме опцијата Export во MS Excel.