За вака означените ставки, опцијата за „затварање по документ“ – Ф2 ќе ги прикаже сите отворени ставки на контото кое е пресетирано за авансната уплата (120), иако се книжи износ на конто за обврски за примени аванси (222). Вака искниженото авансно плаќање се евидентира во прегледот од материјално како „наплатено“, на соодветната авансна фактура.
За книжење на конечните фактури, како што е претходно споменато, се користат два терка – еден стандарден за излез на производи кој се пополнува во полето „терк 3“, а другиот за сторнирање на износите од поврзаните авансни наплати – во ново поле за автоматско книжење „терк 4“.