Интегрален дел на програмот HELIX е модулот за пресметка на плата, и истиот е вклучен во стандардните верзии на HELIX K и HELIX L едициите на програмот.
Стандардниот модул за пресметка на плата вклучува пресметка на плата од основна бруто плата. За дополнителниот модул за пресметка од нето може да прочитате на следниот линк.
За изготвување на пресметка на плата за вработени во една компанија, потребно е да се внесат повеќе податоци. Најпрво се внесуваат основните генералии на фирмата, во менито „Фирми“ – „Избор на фирма“, во табовите „Основни податоци“ и „Податоци за плата“ во формата за нова / промена на фирма.
Следниот чекор е внесување на вработените, преку формата која се повикува од „Фирми“ – „Плата“ – „Матични податоци за вработени“. За пример се внесени 4 вработени со шифри 001, 002, 003, 004, и на истите им е доделен различен стаж, по 1,2,3 односно 4 години соодветно (за пример на пресметка на „минат труд“).