I. Доспеани документи

За контрола на наплатата и плаќањето на обврските кон добавувачите, во програмот Хеликс постои можност за генерирање брзи извештаи кои би ви помогнале во оваа процедура.

Ваквиот извештај може да го повика на следната патека:

Финансово -> Извештаи->Доспеани документи

Извештајот може да се филтрира по конто за кое истиот би се повикувал, датум на кој се однесува извештајот, дали да бидат исфилтрирани сите документи до избраниот датум или да се прикажуваат само документите на датумот кој е повикан истиот, а исто така постои можност за индивидуално одредување на деновите доцнење. На овој начин, извештајот може да се прилагодува согласно индивидуалните потреби на правното лице.

По поставувањето на параметрите и избор на копчето Освежи се генерира извештај како од примерот подолу:

 

  1. На приказот под реден број 1 од овој извештај се прикажани вкупните салда на комитентите за кои има доспеани документи и тоа подредени за периоди, т.е. поделени по број на денови на доцнење и сума по истите. Во колоната “Неодредени” би се запишале износите на вкупен долг за оние фактури кои се без валута.

(Овој извештај превзема податоци од финансов налог, т.е фактурите е неопходно да бидат финансиски прокнижани за да се прикажат на овој извештај).

  1. Приказот под реден број 2 ги прикажуваат сите документи за кои е измината валутата со податок за комитентот кој има неподмирена фактура со измината валута, содржина на фактура (број), како и датум на издавање, датум на валута, салдо и бројот на денови доцнење.
  2. Приказот од реден број 3 кој се наоѓа во десниот долен агол ја прикажува сумата на податоците по денови на доцнење.

Извештајот од примерот се однесува на конто 1200, но истиот може да се повика за било кое конто и со индивидуална промена на периодите на доцнења.

Покрај ваквиот детален приказ, постои можност и за приказ по избран дијаграм на извештајот, кој визуелно ќе ви ги претстави истите податоци.

Пример 1:

Пример 2:

Дијаграмот за приказ може да се избира индивидуално, согласно потребите.

II. Документи пред доспевање

Извештајот за документи пред доспевање се повикува на следната патека: Финансово ->Извештаи -> Документи пред доспевање.

Овој извештај функционира слично како и оној за доспеани документи, т.е може да се повика за определено конто и период и да се однесува за однапред определени денови кои можете рачно да ги прилагодувате.

При генерирање на овој извештај се прикажуваат податоците за салда и документи кои се пред доспевање. Ваквиот тип на извештаи на повеќето фирми им служи за однапред планирање на средствата за кои очекуваат прилив и за буџетирање на идни периоди.