Драги комитенти и пријатели,
Да ја споделиме со Вас и нашата приказна. Бидејќи пријателите споделуваат, а Вие сте најважен дел од неа.
Сѐ започна во 1992. Со мала, но надежна и единствена цел – да помогнеме на што повеќе компании, деловниот живот да им биде вистински спој меѓу поголем профит и вистинско задоволство. Секој почеток е тежок. Само визијата ни беше пат и светла точка на патот. Но, гледано од денешна точка, оваа визија ја надминавме повеќекратно. За успех ни послужи само еден клуч: Градевме и сѐ уште градиме силно орудие исклучиво по барања на корисниците, за кои единствено постоиме. По патот прегазивме и технолошки препреки и војни и економски кризи, но ништо не нѐ предомислува, бидејќи крајниот резултат е една голема заедничка победа.
Денес сме горди што помагаме на преку 1900 наши ценети комитенти и многу од нив го имаат зголемено својот бизнис и повеќе од 10 пати. Во моментов на Helix се изработуваат најмногу плати во земјава, најмногу завршни пресметки, книжења, фактури, се реализираат најмногу продажби, наплати…, преку многу опции и максимално автоматизирани процеси. Повеќе од било кој програм во земјава, без разлика дали е странски или домашен капитал. Сето тоа го прави Helix програм број 1 во земјава.
Среќни сме што и Вие сте дел од нашата приказна.
Нашиот тим брои 20 вработени. Тоа се луѓето со кои секојдневно се слушате. Тука се сервисерите кои Ви помагаат Вашиот Helix да функционира најдобро. Тука се програмерите кои работат на развој и помагаат да имаме решение кое е секогаш во чекор со сите светски трендови и се прилагодува на новите барања на бизнисот денес…
Знајте дека можете да се потпрете на нас. Имаме јасно дефиниран план за развој на Helix за следните 5, 10, 15… години. Тука сме само за Вас и Вашиот деловен успех.
Вашиот Зонел Софтвер