Во програмот постои можност за печатење на фискална сметка од излезна калкулации во магацин. Оваа опција е достапна со избор на копчето Фискална сметка (Ф12) во содржина на калкулацијата.
Опцијата овозможува наплата во готовина при излез на производите од магацин.
Постои уште еден поедноставен начин за готовинско работење од магацин. Се работи за избор на копчето Парагон од Материјалноà Излез. Со избор на ова копче програмот автоматски го пополнува првиот прозор за креирање на излезна калкулација во однос на редоследен број, датум, фиктивен комитент кој е задолжителен запис и сл., така што со избор на копчето веднаш се отвара прозорот за внес на производи. Ваквиот тип на работа со наплата на фискална сметка директно од магацин овозможува брзо работење и лесно филтрирање на извршените наплати во готовина за нивна понатамошна евиденција, анализа или сл.
За креирање на запис во продавница на ваквата продажба која всушност би требало да биде евидентирана како промет од продавница во ЕТ книга и КДФИ, во програмот HELIX постои можност за автоматско пополнување на истите со опциите за копирање на парагон и приемница.