Во рамки на HELIX софтверското решение постои посебен модул за автоматска пресметка на казнени (затезни) камати за задоцнето плаќање на фактури.

Овој модул овозможува пресметка на каматни листи по различни каматни стапки (законски, договорни или слободни). Каматните стапки се дефинираат кориснички, со внесување на периодот за кој се однесуваат, месечниот и годишниот процент на камата. Периодите за кои се дефинираат каматните стапки вообичаено се внесуваат полугодишно, освен ако нема промена на каматната стапка која би значела поделба на некој 6 месечен период на два дела.

Потребно е да бидат внесени каматни стапки кои го покриваат целиот период за кои се пресметува каматата.

Фактурите за кои треба да се изработи каматната листа може да се внесат рачно во модулот за камати во менито за „внес на фактури“, или да се преземат од постоечките книжења во финансово.

При рачно внесување на фактури се внесуваат прво фактурите со датумот, валутата и износот, а потоа се внесува и наплатата.

Постапката за префрлање на фактури од финансово може да ја погледнете преку следните примери:

Прво внесуваме фактури со постари датуми на кои им е измината валутата за плаќање.

Потоа внесуваме и наплати во тековен месец, со кои се наплатени претходно внесените фактури (целосно или делумно).

Опцијата за префрлање на овие фактури од финансово во листата на фактури за пресметка на каматна листа се наоѓа во формата за преглед на книжења по ИОС. Фактурите кои сакате да ги префрлите во камати треба да бидат селектирани, и се префрлаат со кликање на копчето „Префрли во камати“.

Изработката на каматната листа се повикува со избор на вид на каматни стапки (законски, договорни или слободни), како и избор дали во листата да се прикаже каматата само за задоцнетите наплати, или да се прикаже и евентуалната камата за ненаплатениот остаток. Каматната листа се изготвува за селектирани фактури од листата на претходно внесените фактури.

Каматната листа ги прикажува износите за камата за сите периоди и за секое плаќање на фактура засебно, како и сумарните износи по фактури и вкупен износ. Листата може да се печати или да се експортира во Excel.