Драги корисници,
Ви благодариме на големиот интерес за вчерашниот вебинар. Благодарни сме за Вашето учество, Вашата проактивност, сите Ваши прашања и убавата енергија. Како што веќе најавивме, ова беше прв од многуте настани кои ги планираме во блиска иднина, со цел да Ви понудиме најдобра услуга.
За сите Вас кои не успеавте да присуствувате на настанот, но и за Вас кои сакате да се потсетите на некои сегменти од вебинарот, комплетна снимка од истиот можете да погледнете на следниот линк: Вебинар завршни пресметки 15.02.2021
Како што ветивме, во продолжение Ви подаруваме веќе креирани, готови правила за Завршна пресметка.
Правилата се креирани според препораките од самите обрасци и содржат групи или синтетики на конта, но не и аналитики. Препорачуваме да ги погледнете и прилагодите сите правила согласно Вашите книжењата.
Кај поголем број од правилата, особено од ДЕ каде на АОП позиции се распоредуваат делови од синтетики од бруто биланс, задолжителна е адаптација на правилата со додавање на цифрите од аналитиката од Вашиот контен план. Треба да ги прилагодите и правилата за колона 6 од ДЕ каде се повлекуваат вредности кои минатата година биле содржани во други АОП позиции, а кај некои и од повеќе АОП позиции се собираат во една.
Во даночните биланси потребно е креирање на правила за повеќето собироци (има внесено неколку примери), додека правилата кои се збирови од други АОП вредности во даночниот биланс се веќе внесени со соодветен реден број.
Правилата можете да ги преземете од следниот линк: Правила за завршна пресметка.
До следното заедничко дружење.
Вашиот,
Зонел Софтвер