Овие полиња автоматски ќе се пополнат доколку соодветно сте ги пополниле при дефинирањето на основните податоци за фирмата во менито Фирми/Избор на фирма и Ви стојат на располагање за директна промена по отворање на овој прозорец. Откако ќе потврдите со избор на опцијата Во ред (F9), на екранот ќе се појави прозорец во кој треба да изберете локација каде сакате да се зачува .xml документот на самиот компјутер. Тој документ потоа треба да го прикачите на страната за ЕТАХ на УЈП.
Заради можни исправки на располагање ќе остане и стариот ДДВ-04 образец кој автоматски ќе се повика доколку периодот при подготовка е заклучно со датум пред 31.12.2020 (т.е. новиот образец автоматски се повикува само за последниот даночен период во 2020-та кој завршува со 31.12.2020)
Оваа Законска измена е направена во согласност со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20) и следните Правилници:
- Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година).
- Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, како и за формата и содржината на извештајот за примени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примател на прометот (објавен во Сл.весник на РСМ бр.315/20 од 30.12.2020 година).
ЗАБЕЛЕШКА: Новиот XML фајлот во моментот на објавување на законската измена сè уште не беше објавен од страна на УЈП. По неговото објавување ЗОНЕЛ Софтвер веднаш го вклучи во најновите верзии. Ако кај Вас не се појавува, Ве молиме испратете тикет до Зонел Софтвер за дополнителна надградба.