Софтверски партнер кој нема план како да реагира на законските измени и не Ви е од некоја корист. Знаеме дека секоја законска измена е стресна, особено ако сте сметководител. Тоа значи Сизифовска работа и бркање со програмерите за да се направи законската измена. И на крајот, таа никогаш не е направена на време и онака како што Вие сте замислувале. Токму затоа, пред повеќе години одлучивме за прв пат во Македонија на законските измени да одговориме систематски. Овој револуционерен пристап Ве става Вас, почитувани наши клиенти, многу чекори пред останатите сметководители. Ова значи дека Вашите клиенти нема да чекаат за да им направите пресметка на плата, да ги регулирате даноците, да ги искнижите фактурите на време… Ова Ве прави подобри! Без разлика дали во текот на една година има три, четири или повеќе законски измени, со активниот пакет на одржување ги добивате сите законски измени навремено. Тоа значи имплементирани законски измени во Helix уште пред да ги побарате.

Како се одвива процесот?

Уште пред законската измена да биде официјално објавена во Службен весник, тимот на ЗОНЕЛ Софтвер веќе работи на нејзина имплементација во Helix. Најпрво се прави анализа и проценка од тимот во корисничка поддршка, околу тоа како законската измена ќе се рефлектира во функционирањето на програмот. Потоа се разгледуваат сите опции и можности, за да се дојде до најдобриот начин каде и како да се имплементира законската измена. Сето ова се прави за да Helix функционира најдобро и прилагодено на Вашето работење. Потоа тимот на програмери за развој на софтвер, работи на имплементирање на законската измена во Helix. После тестирањето, законската измена е спремна за користење во функција на Вашиот бизнис. Бидејќи не сите законски измени се потребни на сите наши клиенти, за да се инсталира законската измена на Вашиот Helix, потребно е да испратите барање, дека сакате истата да Ви се инсталира.

Кои законски измени се веќе имплементирани во Helix?

Сите! Без разлика дали во текот на годината има пет, шест… или повеќе законски измени, Вие почитувани наши корисници имате привилегија и можност да ги користите сите законски измени. Во оваа 2020 година, досега имаше девет законски измени. За сите законски измени, од оваа, но и претходните години, околу тоа што содржат и како функционираат, можете да прочитате тука.

 

На кои корисници им следуваат законските измени?

Корисниците на активниот пакет на одржување, покрај сите нови верзии на Helix, корисничката и техничката поддршка 24/7, имаат можност да ги користат и сите законски измени. Оваа услуга гарантира дека Вашиот бизнис ќе функционира беспрекорно и без застој, без разлика на сите случувања на кои не можете да влијаете. Доколку сè уште не сте корисник на активниот пакет на одржување, побарајте повеќе информации на komunikacija@zonel.com.mk и тимот за корисничка поддршка ќе Ви даде совети, како оваа услуга можете најдобро да ја искористите во функција на Вашиот бизнис.