Едукацијата останува основа на која ја градиме нашата соработка. Покрај огромната база на едукативни видеа, кои отсега се достапни и на You tube, покрај FAQ базата на знаење, креирана од Вашите најчесто поставувани прашања, отсега ќе имате пристап и до навистина темелна и моќна едукативна корисничка база на документација за функционирањето на Helix. Овие едукативни текстови со економска позадина, го содржат секој аспект од функционирањето на една модерна компанија. Одлични совети како да го подобрите и убрзате Вашето работење со помош на Helix. Знаење кое ќе Ви помогне како да го добиете она најдоброто од Helix во функција на Вашиот бизнис. И сето тоа, достапно за Вас во било кое време.
Корисничката документација е поставена на Веб и Ви е достапна од секаде, во кое било време и од кои било Ваш уред со пристап на интернет (Компјутер, Мобилен телефон или Таблет).
До Корисничката документација може многу едноставно да пристапите преку Helix од следново мени:
Исто така до Корисничката документација можете да пристапувате и директно преку преку следниот линк: http://www.zonel.com.mk/doc/help/helix/helix_korisnicko_upatstvo.html
Основниот екран на Корисничката документација е следниот:
Во левиот дел на екранот се наоѓа листата на теми во кои е поделена Корисничката документација. Документацијата е поделена по области во HELIX. Со притискање на сликичката се отвораат и подтемите на одредена тема.
Со избор на одредена поглавје од дрвото, во десниот дел ја добивата Корисничката документација за тоа поглавје:
Пребарувања низ Корисничката документација
Во случај да сакате да пребарате низ корисничката документација преку спомнување на одреден клучен збор низ сите теми во Корисничката документација се користи сликичката за лупа која се наоѓа во горниот лев дел. После кликање на лупата Ви се отвора следниот дел за пребарување низ корисничката докуметација. Во празното текстуално поле го внесувате бараниот збор и притискате на копчето Барај.
После ова ќе добиете листа од сите можни теми и прашања каде се спомнува бараниот збор:
После кликање на една од прикажаните теми од листата на резултати од пребарувањето во десниот дел од алатката ќе добиете приказ на документацијата која е поврзана со таа тема и го содржи бараниот збор во пребарувањето. Во овој приказ бараниот збор е означен со жолто на сите места во документација каде истиот се спомнува.
Се надеваме дека Корисничката документација ќе биде само уште еден чекор плус во олеснување на Вашето користење на HELIX во секојдневното Ваше работење. За сите дополнителни прашања во врска со користење на Корисничката документација Ви стоиме на располагање преку следните канали за комуникација:
- Преку e-mail:komunikacija@zonel.com.mk ,
- Преку Тикет системот во самиот програм (упатство за користење на тикетот: http://www.zonel.com.mk/2018/08/23/nov-tiket/
- или јавете се на следниве телефони: 02/2401-204, 2401-205 и 2402-274