Нашиот темелен пристап кон сите Ваши барања, прашања и предлози, креираше база на Ваши Често Поставувани прашања (ЧПП=FAQ).  Ова преставува најбрз начин како да дојдете до одговор на сите прашања кои сакате да ги поставите околу функционирањето на Helix. FAQ е одлична алатка која ќе придонесе да правите помалку кориснички грешки или истите да ги отстраните самостојно на најбрз можен начин.

Оваа алатка е поставена на Веб и Ви е достапна од секаде, во кое било време и од кои било Ваш уред со пристап на интернет (Компјутер, Мобилен телефон или Таблет).

До FAQ алатката може многу едноставно да пристапите преку Helix од следново мени:

Исто така до  FAQ можете да пристапувате и директно преку  преку следниот линк: https://www.zonel.com.mk/doc/faq/ZONEL_FAQ.html

Основниот екран на FAQ е следниот:

Во левиот дел на екранот се наоѓа листата на теми во кои се поделени Често поставуваните прашања. Прашањата се поделени по области во HELIX. Со притискање на сликичката се отвораат и подтемите на одредена тема.

Со избор на одредена тема ја добивате листата на Често поставувани прашања за избраната тема.

Под секо прашање постои линк со Одговор на прашањето. Со клик на Одговор под прашањето се отвора одговорот на прашањето:

Со повторно кликање на Одговор одговорот на тоа прашање се затвора. На овој начин можете да отворите истовремено и одговори на повеќе прашања или истите да ги затворите за да можете да имате подобар преглед на листата на поставени прашања за одредена тема.

Пребарувања низ FAQ

Во случај да сакате да пребарате низ поставените прашања преку спомнување на одреден клучен збор низ сите теми во FAQ се користи сликичката за лупа која се наоѓа во горниот лев дел од FAQ алатката. После кликање на лупата Ви се отвора следниот дел од FAQ алатката во левиот нејзин дел.  Во празното текстуално поле го внесувате бараниот збор и притискате на копчето Барај.

 

 

После ова ќе добиете листа од сите можни теми и прашања каде се спомнува бараниот збор:

После кликање на една од прикажаните теми од листата на резултати од пребарувањето во десниот дел од алатката ќе ги добиете сите одговори каде е спомнат бараниот збор при што самиот збор кој бил предмет на пребарување е означен со жолто.

Се надеваме дека оваа дополнителна алатка ќе биде само уште еден чекор плус во олеснување на Вашето користење на HELIX во секојдневното Ваше работење. За сите дополнителни прашања во врска со користење на FAQ алатката Ви стоиме на располагање преку следните канали за комуникација: