ДАЛИ ЈА ЗНАЕТЕ МОЖНОСТА:
Производство со следливост по лотови на репроматеријали и готови производи
За потребите на задоволување на критериумите за квалитет во производство на разни добра, и исполнување на условите пропишани со повеќе стандарди за квалитет, HELIX програмот има посебен модул прилагоден на потребите на бројни компании чија примарна дејност е производството на храна и лекови.
Имено, производниот процес подразбира избор на репроматеријали со одредени лотови кои се употребуваат во конкретниот работен налог, и при тоа се генерираат готови производи со свои лотови/сериски броеви.
Зависно од спецификите на самиот производен процес, HELIX програмот овозможува повеќе режими на работа, во поглед на начинот на кои се избираат репроматеријалите за конкретен производен процес, како и критериуми за формирање на финален производ.
Значи, во системските сетирања се одредува дали при производство на конкретен производ може да се користат репроматеријали со различни лотови (деливост на лотови), или во рамки на еден работен налог еден готов производ, кој има свој лот на готов производ, мора да се произведе само од еден лот од негов репроматеријал. Потоа се одредува дали при конкретно производство системот автоматски да бира од кој лот ќе црпи репроматеријал (според истек на рокот), или секогаш да прашува. Следното сетирање се однесува на тоа дали репроматеријалите кои се составен дел на норматив за готов производ кој се произведува, мора да се наоѓаат во тековниот магацин, може да се наоѓаат во било кој магацин, или може да се наоѓаат само во некои магацини. И конечно, последното сетирање дефинира дали финалниот производ автоматски да добива редоследен лот број (по претходно дефиниран префикс), или лот бројот на финалниот производ мора рачно да се внесува.
По дефинирањето на режимот на работа, се дефинираат и магацините кои се вклучени во производниот процес. Истите имаат сетирање дали ќе се користат за репроматеријали или не, што е битно доколку се користат повеќе магацини кои содржат иста шифра на суровина, но не сакате сите да се користат во производството.
При дефинирањето на артиклите кои ќе се користат во производните процеси има неколку специфични сетирања кои треба да се дефинираат во шифрарникот на производи. Имено, за сите артикли кои се евидентираат по лотови/сериски броеви треба да се обележи сетирањето за сериски број, т.е. да е „ДА“. Дополнително, во вториот таб, за сите полупроизводи и финални производи треба да се пополни делот – лотови за готов производ. Со ова се дефинира дали да се генерира нов лот број, или да се преземе лотот од претходната фаза (репроматеријалот).
При креирање на производна калкулација при која се формираат полупроизводи или финални производи според претходно зададени нормативи, се користи опција „Раздолжи репро по лотови“ → „Раздолжи Репро“, како што е прикажано на сликата подолу.
Согласно претходно дефинираните сетирања за режимот на работа, системот повлекува репроматеријали со соодветни лотови, и притоа дефинира финални производи со нивни лотови.
Во горната лева табела на новиот прозорец се прикажани производите кои се добиваат со оваа производна калкулација. Во средната табела се прикажуваат репроматеријалите за конкретниот готов производ на кој сме позиционирани, додека пак во десната табела се прикажуваат лотовите кои се содржани во избраниот репроматеријал од средната табела. Во долната лева табела се прикажуваат лотовите на готовиот производ кој е избран во горната табела.
Следливоста за користењето на одреден лот број на репро материјал или готов производ, може да се добие со користење на опцијата во материјално → пребарување по сериски број.
Подетално упатство со примери за различни начини на користење на модулот за производство со следливост по лотови имате во следниот документ.