ПОБЛИСКУ ДО ЗОНЕЛ СОФТВЕР

Честопати ни пристигнуваат прашања од  Вас, околу начинот на кој функционираме, како се одвива фактурирањето на сервисните интервенции, што предности добиваме со активното одржување, а што со мини пакетот на одржување и сл.

Нашето долгогодишно постоење на пазарот се должи на тековно следење и прилагодување на софтверите кои се дел од нашата понуда на  Вашите потреби. Задоволството кое го добиваме од вашиот feedback е нашата ѕвезда водилка во ова бурно време.

При корисничка потреба од наша помош,  преку тикет системот, телефонските броеви или на komunikacija@zonel.com. веднаш се проследува на соодветен начин, со телефонска консултација или со сервисен налог до останатите сектори.

Зонел Софтвер во моментов брои 5 сектори: Сектор за корисничка поддршка, Сектор за техничка поддршка, Маркетинг, Сметководство и Сектор за софтверски развој, со вкупно 20тина вработени кои функционираат како една личност кога станува збор за проследување на барање на клиентот.

  • Доколку налогот се проследува до секторот за техничка поддршка, во зависност од степенот на зафатеност на секторот, се дефинира распоред на извршување на налозите. Најдоцна до наредниот работен ден, налогот се проследува.
  • Доколку налогот се проследува до секторот за софтверски развој, за подетална анализа или корекција, во зависност од тежината на пријавениот проблем зависи и времето на извршување на налогот.
  • Доколку налогот се проследува до секторот за Маркетинг, во зависност од моменталната зафатеност на секторот, колегите ве контактираат во првиот слободен момент или ви испраќаат понуда согласно вашето барање на маил.

Сакаме да ви одговориме на сите прашања кои ги имате за нас. Истите можете да ги поставите на komunikacija@zonel.com.