<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Заеднички |
Некои заеднички особини или поврзувања карактеристични за повеќе модули или зависности меѓу нив. Пример: Теркови за книжење, Report Builder, некои Сетирања и режими на работа,
Како да добијам pdf фајл од потребниов документ (фактура, картица..)?
Со цел да се добие pdf фајл од потребниот документ, препорачуваме да користите некој помошен софтвер како Microsoft Print to pdf, Cute PDF Writer, DoPdf... Откако ќе го инсталирате помошниот софтвер на вашиот компјутер, истиот ќе се појави во Devices and Printers. При печатење на документот, со кликање на копчето Print, имате можност да го изберете принтерот и со кликање на копчето ОК, ќе ви се појави прозорец Save As, каде што ќе треба да ја изберете локацијата каде сакате да биде зачуван вашиот пдф документ, после кликање на копчето Save. |
Претходно имав опција да го гледам документот пред печатење, но сега директно ми излегува на печатење без да имам можност да го видам?
Станува збор за опцијата Preview, која доколку е штиклирана, ќе имате можност да го видите документот пред печатење. Доколку опцијата Preview не ви е штиклирана, документот наместо на преглед пред печатење, ќе ви излегува директно на печатење. |
Како можам да ги експортирам потребните податоци во Excel табела?
Хеликсот како напреден програм за работење, има опција за експортирање на потребните податоци во excel табела. Станува збор за дополнителна опција, која има можност да се докупи во секое време. Со тоа добивате експорт на податоците од целосното работење во Excel. Доколку навреме станете привилегиран корисник и потпишете Договор за активното одржување на програмот, имате можност да добиете и работење кое вклучува дополнителни CX гридови. Ова начин на работење, покрај тоа што ви овозможува експортирање на податоци во ексел, ви овозможува и нивно сортирање, подредување.. согласно Вашите потреби. |
Не се генерира документ со следниот редоследен број
Потребно е да се провери дали постои рачен внес на број на документ/калкулација или што и да се обидувате да внесете со задржување на редоследен број, бидејки бројчаникот работи непречено само доколку не се измести редоследот на броеви. |