<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Основни Средства |
Основно средство кое треба да биде во листа на основни средства сега го нема?
Проверка дали истото основно средство е во листа на отуѓени основни средства. Доколку е, а треба да се врати во листа на редовни треба да се кликне на Расход/Враќање и истото повторно се враќа во листа на редовни основни средства. |
Дуплирање на основни средства во листа на основни средства
Проверка на амортизациони групи. Во амортизациони групи не треба да постојат идентични амортизациони групи со иста шифра и зададен период. Потребно е да се избришат (при бришење на едната ќе се избрише и другата) и повторно да се внесе една со идентична шифра бидејки во спротивно ке треба повторно да се рефрешира на ниво на основно средство. |
При книжење на основни средства дава 12-14 цифрени бројки, децимали или нереални износи
Проверкa дали датумот на внес и датум на активација се соодветно внесени. Истото може да сe провери преку Специјални опции - Проверка на основни средства кој дава податок доколку имате неточно внесени датуми односно доколку датумот на активација e по датумот на внесување. Проверка на амортизациони групи во тековната година односно доколку основното средство има датум на внесување од 2014 со амортизациона група пр.01, истата амортизациона група потребно е да ја имате отворено во тековната година од 2014 год. па се до тековна година за која се пресметува аморитизацијата. |
При автоматско книжење на основни средства јавува порака - Проверете дали имате доделено непостоечки конта?
Проверка на сите конта кои се доделени на основните средства во листа на основни средства дали истите конта постоја во шифрарник на контен план. |
Како побрзо да внесам голема листа на основни средства кои ги купивме на фактура.
Во материјално/влез по избор на магацин наменет за евиденција на основни средства (кој го отварате во шифрарник на магацини) креирате влезна калкулација со наведување на сите основни средства кои сте ги набавиле. Потоа се избира опцијата Префрли во основни средства од паѓачкото мени за специјални опции во горниот лев агол од екранскиот приказ. |
На кој начин може автоматски да се искниже пресметката за амортизација на основните средства?
Постапката за автоматско книжење на амортизација на основни средства е следна: 2. Да се пушти пресметка на амортизација за даден период со кликање на копчето Пресметка (Ф6). 3. Од Специјални опции се избира опцијата Припрема за месечна амортизација, веднаш потоа се избира Автоматско книжење. 4.Се појавува прозор за избор на налог од финансово во кој што ќе се изврши книжењето. Збирното конто 4320 е предлог конто за кое што постои можност рачно да се менува. |