<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Материјално > Друго (Лагер, Картица, ...) |
Креирање на контролен попис
Контролниот попис се прави во материјално влез, и истиот во тип на документ е потребно да се означи дека е контролен попис. Во содржината на овој документ се внесуваат сите реално избројани производи кои се наоѓаат во магацинот. За да се направи споредба помеѓу стварната (состојба од контролен попис) и книговодствена (состојба од лагер листа) потребно е да се пушти функцијата споредбен лагер. За оваа функција потребно е да ја повикате лагер листа согласно датум на контролен попис. Односно датумот на контролниот попис треба да биде идентичен со краен датум на лагер листа. Споредбениот лагер се наоѓа во лагер листа функции. Со пуштање на оваа функција се креираат автоматски документи, споредбен влез и споредбен излез со кои состојбата од контролниот попис се изедначува со состојбата од лагер листата. По креирањето на овие документи, можете да испечатите пописна листа во која ќе се евидентираат кусокот и вишокот на производи. Доколку веќе се креирани овие документи, споредбен влез и споредбен излез, за споредбениот лагер да направи споредба помеѓу контролниот попис и лагер листата, потребно е старите документи да се избришат за да се изгенерираат нови. Калкулацискиот број на автоматски генерираните документи е уникатен и доколку имате потреба да имате повеќе контролни пописи односно споредбен влез/излез потребно е само да се направи промена на калкулацискиот број и повтоно да се спороведе истата постапка. |