<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX > Малопродажба |
Зошто количината на производите во лагер листа проширена се разликува од онаа во лагер листа?
Во лагер листа се евидентираат количините веднаш по креирањето на парагон. Во оваа лагер листа се евидентираат и услугите со шифра 1. Во лагер листа проширена, количините се евидентираат по затварање на промет во каса.
|
Како да испечатам КДФИ и ЕТ по барање од инспектори?
Во паѓачкото мени за малопродажба се избира опцијата Трговска книга и се задава саканиот филтер на период и/или дополнителни параметри за филтрирање. Се избира бараната опција за печатење од понудените во долниот десен агол на екранскиот приказ. |
Пописната калкулација во малопродажба не се прикажува во ЕТ книга?
Потребно е да се селектира калкулацијата ПОПИС, потоа од Останати опции се избира Префрли во ЕТ. |
Дали во малопродажба би можеле да извадиме извештај за вкупниот промет остварен од продажба по фактури и фискални сметки од еден клиент?
Извештај за вкупно остварениот промет од еден клиент по основ на фактури и фискални сметки можете да извадите на следната патека: Малопродажба--: Книга на фактури(Ф2) во просорот го внесувате комитентот, избирате Фактури излез+парагони, селектирате од која продавница а се креира извештајот (со можност за избирање на сите), а со копчето Ф7 избирате Ф7 (или Ненаплатени доколку ве интересира извештај само за ненаплатениот дел од прометот остварен од клиентот) за определениот период внесен во полето Ф6. |
Според износите во ЕТ книга сметам дека не е комплетен и дека недостигаат калкулации, но не сум сигурен кои точно недостасуваат, како би можел ова да го корегирам и да сум сигурен дека сите калкулации од малопродажба се запишани во ЕТ книгата?
Во сервисите во малопродажба постои опција со чие повикување, масовно сите калкулации се запишуваат во ЕТ книгата (оние кои се веќе запишани само ќе се преклопат, нема да се дуплираат). Сервисот можете да го повкате на следната патека: Систем--> Сервис--> Малопродажба--> 8. Масовно префрлање во трговска книга. |
|