|
||||||||||
Како да водите 10 пати
повеќе фирми со 10 пати помалку време и труд? Како да бидете најконкурентни и секогаш најдобро препорачани ? Како да водите книговодство на фирми со преку 200 фактури на ден и тоа со притискање на само неколку копчиња? Решението е HELIX! |
||||||||||
УБЕДЛИВО НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ, кој |
||||||||||
Не само што го штеди Вашето време туку максимално ја зголемува Вашата професионалност и педантност што се најбитни елементи за еден книговодител како почетник така и најнапреден професионалец. |
||||||||||
| Тоа пак само по себе значи најдобра Ваша реклама, препорака и деловни односи со уште повеќе фирми - корисници на Вашите услуги. Ова преку нашето 11-годишно искуство се покажа како најдобар и проверен метод за кој сведочат многу задоволни корисници на програмскиот пакет HELIX. Денеска кога од Вас се бара преголемо внимание кон секого за што пониска цена, уште побитно е да ги задржите сите постоечки фирми - неограничено долго време. Тоа исто така е и зголемување на бројот на фирмите на кои водите книговодство кои стануваат се позадоволни од Вашите услуги. Покрај другото и заради потполно усогласените обрасци шти ги печати програмот со постоечките законски прописи (Сл. Весник) и задоволните контроли од страна на законски надлежните институции. Денеска сурова вистина е дека цената на книговодствените услуги е најчесто пресудна за да стапите во деловни односи со заинтересирано претпријатие. HELIX и тука Ви нуди најдобро можно решение. Со максимално намалување на времето потребно за услуга на една фирма и преку максимална поврзаност на податоците и автоматизираност на сите процеси можете да бидете најконкурентни со цената на пазарот на услуги. А добриот глас далеку се слуша, верувајте! |
||||||||||
HELIX - ЛИДЕР ВО ОБЛАСТА НА КНИГОВОДСТВЕНИ ПРОГРАМИ |
||||||||||
На кој начин HELIX-K постана лидер во областа на книговодствените програми? Не постои само една негова особина виновна за тоа што е омилен кај книговодителите. Еден од најважните моменти за секој програм е едноставноста на неговото користење. Досега можеби сте се соочувале со комплициран, заморен и монотон програм или едноставно сакате програм кој на едноставен начин и сам ќе Ве води низ неговото користење со објаснување и пораки на секој екрански панел. Работата со него е подеднакво едноставна и само преку тастатура (за корисници на постари ДОС програми) и со сите предности на WINDOWS-от за работа со глушец. За секој книговодител нема поголема благодет од поврзаност на податоците и автоматско финансово книжење на секој документ. За ова
сведочат и најскептичните книговодители. Брзо и едноставно внесување на само основните неопходни износи и моментално ажурирање на
сите материјални и финансови книжења. Само како пример: |
||||||||||
Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата, ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини, трговските книги во магацините и продавницата, автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура и сите овие промени ќе ги искнижи автоматски во финансово со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови. |
||||||||||
На кои финансиски конта HELIX ќе ги изврши книжењата во главна книга и дали е тоа временски брза операција? Моментална. Контата ги задавате во облик на теркови со Ваши произволни вредности на едноставен начин за што постои специјално креиран водич. Понатаму се се одвива автоматски. Терковите во било кој момент можете да ги промените или дополните. Корекцијата на секој вид документ е многу едноставна при што програмот повторно ги коригира сите автоматски ажурирања на материјалните и финансиски книжења. Крајно олеснување, нели ? Заборавете го губењето податоци, неочекувано бришење или било какви оштетувања на податоците дури и при работа во мрежа. HELIX е креиран на специјален начин за Вашите податоци да бидат максимално безбедни дури и при прекин на електрична енергија. HELIX располага и со специјално дизајнирана сервисна конзола за автоматска детекција и корекција на сите кориснички грешки од погрешни или пропуштени датуми до потполна споредба на материјално и финансово во секој момент и генерирање на професионален извештај по документи кој може да се сними и отпечати. Можности и функции? |
||||||||||
|
||||||||||
Заштедете и на многу обрасци бидејќи сите потребни документи HELIX ги печати на најобична хартија на било каков печатар (матричен, ласерски, InkJet, ...). Сите обрасци како финансови налози, аналитички и финансиски картици, обрасци за завршна пресметка, ПЛТ (приемен лист), ЕТ (трговска книга), ПДД-МП (рекапитулар за плата), материјални карици, пописни листи и многу други се дизајнирани со најголема прецизност според изглед објавен во Сл. Весник. За ова сведочат многу инспекциски контроли и задоволни корисници. Освен печатените извештаи и сите други екрански прикази во HELIX се максимално прегледни, богати со сите потребни информации,
флексибилни за навигација и пребарување, и располагаат со локатори и филтри. Многу од нив покрај табеларен преглед можат да се видат и во
облик на графикон со можност за зголемување (zoom-ирање) и печатење или да се снимат како Excel документ за подоцнежна обработка или Најмала грижа претставува префрлањето финансиски и материјални салда од една во друга календарска година. Специјално креираниот водич (Wizard) тоа го прави за Вас за секоја фирма и тоа произволен број пати без опасност за дуплирање на податоци. Значи HELIX е потполно независен и зависи само од Вашата имагинација за негова употреба. Ако претходно изложеното го обедините ќе добиете еден комплетен програм кој ќе Ви овозможи:
|
||||||||||
Значи ли до сега изложеното дека е се на едно место ? |
||||||||||
Не! Постојат и други индивидуални програмери или програмерски фирми кои ќе Ви понудат само дел од она што го содржи HELIX. Но покрај тоа што HELIX содржи многу повеќе опции и програми во себе за иста или помала цена, специјално формираниот тим на ЗОНЕЛ Ви нуди и други не помалку важни погодности поврзани за пакетот HELIX-К. Покрај комплетен и квалитетен програм добивате и бесплатна доживотна обука изворно од стручни лица кои од сам почеток активно работат на негово дизајнирање. Нови или промена на вработен(и), одамна некористени заборавени опции - неограничен број пати повторување на обуката и тоа во Ваши простории ! Не сте од Скопје ? Тоа не е никаков проблем. Како што рековме неограничена бесплатна обука во Вашите простории. За сите подетални информации јавете се веднаш во ЗОНЕЛ или притиснете овде. Секогаш прецизни и навремени промени на HELIX поради промани во законските прописи. Екипата на ЗОНЕЛ Ви стои на располагање и за секаков вид интервенција низ цела Македонија. Цена за патни трошоци? - Бесплатно. Покрај интервенции поврзани со HELIX и Вашите податоци нудиме и можност за извесни дополнувања по Ваша желба. Доколку се уште немате компјутер ЗОНЕЛ може да Ви помогне околу изборот и набавка на работни станици, сервер, умрежување, совети за одржување, дури и за Ваш современ настап на Internet преку изработка на персонална и информативна Web страна. Ова веќе значи се на едно место! Интензивно и професионално 11-годишно искуство Ви стои на дофат. Затоа за сите информации обратете се во ЗОНЕЛ или притиснете овде. Се разбира постои можност за купување на цел или делови од HELIX-К. Доколку купувате нов или менувате постоечки програм избегнете го повторно напорното менување во иднина. Вистински програм е вистинскиот избор. Еден е HELIX - лидер за книговодствени програми. Порачајте бесплатен рекламен материјал (Презентационо ЦД, подетален опис на можностите на програмот со слики од неговата работна околина и референтна листа на корисници). Не одлагајте повеќе. Правилната одлука е само една! ПРОВЕРЕТЕ! Екипата на ЗОНЕЛ Ве очекува: 02 / 24-01-204 и 24-01-205 секој работен ден од 9-16h.
|
||||||||||
|
||||||||||
Прва страна | Симнете најнова верзија | Законски промени | Редовно известување | Политика на приватност | Контакт страна