Аналитика

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење >

Аналитика

Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:

 

-Опциите кои ги нуди модулот за финансово работење во делот на Аналитика,

-избор на конто,

-избор na девизна картица,

-ИОС,

-девизен ИОС,

-синтетика,

-Промена на период за кој се повикува картицата на одредено конто,

-определување на начинот на сортирање.

 

Дел од финансовото работење е аналитика на контата преку која добивате извештаи за книжењата на контата кои се аналитички по комитент, конта на кои се евидентираат девизните трансакции како и контата кои не се аналитички по комитент и се користат за финансиско евидентирање на трансакции од домашен пазар.

Со избор на Финансово а Аналитика се јавува следниот прозорец:

 

 

1.По внесување на контото за кое сакаме да ја прегледаме аналитиката се избира копчети Избор или Enter од тастатурата.

2.Копчето Девизна (F5) се избира доколку ни е потребно да прегледаме девизна картица на контото

3.Денарско-девизна (F4) се избира доколку за конто кое ни е потребен аналитички извештај на книжењата истиот потребно е да ги содржи податоците за книжењата во денари и во девизи.

4.ИОС, т.е извод на отворени ставки е извештај кој нуди можност за приказ на фактури кон комитент или од добавувач кои се неподмирени и тоа во вкупен износ или поединечно. Во програмот постои можност за преглед и печатење на овој тип на извештај наофицијалниот урнекот за ИОС.

5.Девизен ИОС копчето служи за преглед и печатење на ИОС за контата кои се претходно одредени за книжење на девизни трансакции.

6.Исто како називот на копчето Синтетичка картица, истото нуди можност за преглед и печатење на синтетичка картица за конто кое однапред е избрано.

7.Во полето Период од-до е прикажан периодот за кој ќе се земат во предвид книжењата во финансовите налози и ќе се прикажат на извештајот или картицата која ќе се избере. Истиот период може да биде променет со избор на копчето со реден број 8.

8.Промена на период нуди можност за промена/ прилагодување на периодот за кој се повикуваат извештаите

9.Копчето за групен избор нуди можност за избирање на две конта од-до (најчесто од иста класа/група  од контниот план) за кои поединечно една по друга програмот ќе ги отвара картиците за финансовите книжења.

10.Сортирање по Налог или по Датум нуди можност за избор на периодот по кој ќе бидат прикажани податоците во извештајот, претходно превземени од финансискиот налог по датумот на налог или по датумот на книжење на документот).