Во врска со интервенциите што ЗОНЕЛ е обврзан да ги
реализира до своите корисници често пати се јавува
извесно недоразбирање и одреден број повици од
корисниците за отстранување дефекти кои не се директно
поврзани со програмите на ЗОНЕЛ. Најчесто таквите
интервенции се од тип на:
- Неможност на покренување на некој компјутер кој воопшто
не може да прикаже ниту една или дел од компонентите на Windows-от;
- Прекин на работа на мрежна комуникација меѓу
компјутерите најчесто со порака "Cannot complete network request ";
- Некои дефекти со приказ на екранска слика (пoмешани бои,
форми и сл.);
- Замена, надградба или појачување на некои хардверски
компоненти, односно компутери;
- (Пре)Инсталација на оперативни системи и умрежување на
компјутери; ...
За вакви интервенции од ЗОНЕЛ со задоволство ќе добиете
препорака како да го решите секој проблем и каде за тоа да
се обратите.
Со цел да се намали сомнежот во исправноста на нашите
програми ЗОНЕЛ се оградува од одговорноста за вакви
зафати и со иста цел останува доследно фокусиран
исклучиво на осовременување на програмските производи и
следење и имплементација на потребите на корисниците
исклучиво во доменот на софтверските апликации. Покрај
другото овде спаѓаат:
- Навремена корекција на програмите заради законски
промени или по сугестија на корисниците;
- Преинсталација или сервисирање на програмите и нивните
податоци на компјутери кои се хардверски исправни и со
функционално исправен оперативен систем;
- Детекција и отстранување кориснички грешки при внес на
податоци; ... |