ЗОНЕЛ - Политика на приватност на информации

Зонел ја спроведува следната политика на приватност на информациите од своите посетители и корисници:

На одредени локации на web страната на ЗОНЕЛ (www.zonel.com.mk) и нејзините подстраници од посетителот се бараат само неопходни лични податоци кои се проследуваат до податочна база директно на серверот на ЗОНЕЛ.

Овие информации нема никогаш да бидат објавени во било каков медиум или поделени со било кое трето правно или физичко лице.

Оставањето на овие лични податоци е исклучиво со дозвола на посетителот или корисникот (за комитенти на ЗОНЕЛ), за што постои соодветно валиден запис.

На e-mail адресата посетителот или корисниот е согласен да добива информации исклучиво во врска со областа која ја третираат производите (програмите) на ЗОНЕЛ, како и сродни информации.

Овие информации се однесуваат на интерес за цени, редовно известување за промени и дополнувања на програмите, разни промоции и други информации.

Во секој момент, секој посетител или корисник кој има оставено свои податоци во базата на ЗОНЕЛ, може да ја откаже согласноста за примање на идни пораки на страната од следниот линк: http://www.zonel.com.mk/kontakt/otkazi_form.php
или со писмен допис на адреса: Ул. "Коста Новаковиќ" 1/6 - 1000, Скопје со што неговата e-mail адреса ќе биде веднаш избришана од нашата листа за праќање идни пораки.

Оваа политика на приватност на ЗОНЕЛ е во склад со напорите на глобалната anti-spam политика, а и во согласност со домашните законски уредби.

ЗОНЕЛ
Ул. "Коста Новаковиќ" 1/6 - 1000, Скопје
00389 (0)2 2401-204
www.zonel.com.mk


1

Прва страна  |  Симнете најнова верзија  |  Законски промени  |  Редовно известување  |  Политика на приватност  |  Контакт страна