Со притискање одберете информации за:

 

Нов начин на тарифирање и вреднување на услугите од страна на ЗОНЕЛ (10.08.2008)
ОБАВЕЗНА кирилична подршка (19.06.2006)
Предлози и консултации исклучиво во простории на ЗОНЕЛ (15.10.2003)
Подмирување на целосниот долг - услов за секаков тип интервенции (30.09.2003)
Услови за измени и дополнувања (17.09.2003)
Оградување од хардверски интервенции (17.09.2003)
Почетна состојба за корисници на HELIX (01.01.2003)
Заменете го стариот програм ФИРМА со HELIX (01.10.2003)

 

 

 

 

 

 

 

Нов начин на тарифирање и вреднување на услугите од страна на ЗОНЕЛ


Почитувани корисници,

Со оглед на актуелното покачување на цените на голем број производи и услуги, тимот на ЗОНЕЛ е принуден да воведе нов модел на
тарифирање и вреднување на услугите кон своите корисници.

Оваа одлука е резултат на повеќе фактори, меѓу кои:
- Скоро четиткратно зголемување на цената на горивото;
- Непроменетост на цените на услугите на ЗОНЕЛ повеќе од 8 години;
- Општо зголемување на цените на голем број производи и услуги;
- Барање на корисниците за воведување на покуса временска мерка за оценување на една сервисна интервенција од страна на
екипата на ЗОНЕЛ;

Со цел да излеземе во пресрет и на барањата на корисниците, а истовремено и да го подобриме квалитетот и времето на одзив, воведуваме
неколку промени меѓу кои:
- Дуплирање на бројноста на екипата на ЗОНЕЛ во доменот за сервисна, телефонска и развојна подршка на нашиот софтвер;
- БЕСПЛАТНА интервенција во траење од најмногу 5-10 минути во наши или простории од корисникот;
- Временско тарифирање на една интервенција во интервали од по 30 минути;
- Промена на цените за секој интервал и тоа: 600,00 ден за првите 30 минути и по 400,00 за секој следен 30 минутен интервал;
- Цената за инженерскиот тип интервенции се изедначува со останатите редовни и вонредни;
- Повторно е активна можноста за паушална претплата за сите законски измени и надградби на било кој програмски пакет преку
цела година за само 119 Eur;
- За корисници кои имаат склучен договор за софтверско одржување со ЗОНЕЛ, условите и цените продолжуваат да важат
непроменето до истекот на истиот.

За подетални информации за цени и услови можете да ја посетите нашата страница   http://www.zonel.com.mk/Cenovnici/ceni.html
или да се обратите на нашите телефони: 02/2401-204, 2401-205 и 2402-274

ОБАВЕЗНА кирилична подршка


Од 19.06.2006 година ЗОНЕЛ ја објавува верзијата 3.9 beta која бара Вашите компјутери обавезно да имаат инсталирано кирилична подршка. Доколку ова не е случај обавезно инсталирајте, пред да симнете и надградите најнова програмска верзија.
За било каква консултација тимот на ЗОНЕЛ Ви стои на располагање.

Предлози и консултации исклучиво во простории на ЗОНЕЛ:


Исклучиво со цел да се зголеми ажурноста и да се намали времето за одзив до своите комитенти ЗОНЕЛ од 01.11.2003 година ќе врши сервис и интервенции во простории на своите корисници само доколку е неопходно тие да бидат извршени директно на програмите или податоците на место каде се тие инсталирани.

За сите други консултации, прашања, совети, презентации и разгледувања на некои нови можности и т.н. ќе ни биде големо задоволство да не посетите и заедно попрецизно да ги разгледаме сите варијанти на Вашите сугестии и размислувања.

Подмирување на целосниот долг - услов за секаков тип интервенции !!!


Од 01.10.2003 година ЗОНЕЛ нема да врши никаков (!!!) вид интервенции на физички или правни лица - комитенти на ЗОНЕЛ доколку постои било каков неподмирен долг према ЗОНЕЛ. Со таа цел ги молиме сите наши корисници да го подмират својот долг кон ЗОНЕЛ во што покус можен рок за што однапред благодариме.

Услови за измени и дополнувања на HELIX:


ЗОНЕЛ објавува дека нема да врши никакви промени во програмите по било какво барање на корисниците (или заради законски промени) на програмска верзија која е постара од најновата официјално објавена. Исклучок претставува само промени во образецот фактура.

Провери:
Најнова верзија на HELIX-К (Книговодство)
Најнова верзија на HELIX-М (Материјално и комерцијално работење)

Оградување од хардверски интервенции


Во врска со интервенциите што ЗОНЕЛ е обврзан да ги реализира до своите корисници често пати се јавува извесно недоразбирање и одреден број повици од корисниците за отстранување дефекти кои не се директно поврзани со програмите на ЗОНЕЛ. Најчесто таквите интервенции се од тип на:
- Неможност на покренување на некој компјутер кој воопшто не може да прикаже ниту една или дел од компонентите на Windows-от;
- Прекин на работа на мрежна комуникација меѓу компјутерите најчесто со порака "Cannot complete network request ";
- Некои дефекти со приказ на екранска слика (пoмешани бои, форми и сл.);
- Замена, надградба или појачување на некои хардверски компоненти, односно компутери;
- (Пре)Инсталација на оперативни системи и умрежување на компјутери; ...

За вакви интервенции од ЗОНЕЛ со задоволство ќе добиете препорака како да го решите секој проблем и каде за тоа да се обратите.

Со цел да се намали сомнежот во исправноста на нашите програми ЗОНЕЛ се оградува од одговорноста за вакви зафати и со иста цел останува доследно фокусиран исклучиво на осовременување на програмските производи и следење и имплементација на потребите на корисниците исклучиво во доменот на софтверските апликации. Покрај другото овде спаѓаат:
- Навремена корекција на програмите заради законски промени или по сугестија на корисниците;
- Преинсталација или сервисирање на програмите и нивните податоци на компјутери кои се хардверски исправни и со функционално исправен оперативен систем;
- Детекција и отстранување кориснички грешки при внес на податоци; ...

Почетна состојба за корисници на HELIX:


ЗОНЕЛ и оваа година Ви овозможува на моментален начин да извршите комплетно префрлување на материјални и финансиски салда од 2002 во 2003 година без никаква потреба од интервенција на екипата на ЗОНЕЛ според досега објавеното упатсво (потсети се).
Во оваа прилика сакаме да Ве информираме и за извесните дополнувања на HELIX во поглед на променетиот изглед и нови опции вградени во програмот со кои префлањето на почетните салда ќе Ви биде екстремно лесно. Потребно е само да симнете најнова верзија од програмот (кликни овде) и да ја активирате. Следете го упатството. Кои се сите промени што се вградени?
- За книговодство (HELIX-К) притисни овде
- За материјално и комерцијално работење (HELIX-М) притисни овде
Доколку не сте сигурни во оваа оперцаија екипата на ЗОНЕЛ Ви стои потполно на располагање. Пријавете го накусо Вашиот повик (овде).

Заменете го стариот програм ФИРМА со HELIX:


ЗОНЕЛ објавува дека по изминување на адаптибилниот период од последните 3 години нема веќе да врши надградба и дополнување на стариот пакет ФИРМА (под ДОС) од повеќе причини меѓу кои:
- Стопиран развојот на ДОС оперативниот систем од страна на MicroSoft ;
- Неможност да се развива изворниот код за кој се потребни спори компјутери. Бариерата од CPU 300MHz се уште е ненадмината од страна на производителот на платформата за развој на изворната верзија;
- Екстремно заостанување на ДОС оперативниот систем зад сите предности што денес ги овозможува Windows -от во сите свои верзии.
Одржување на извршната верзија и податоците ЗОНЕЛ ќе овозможи најдоцна до 30.06.2003 година.

 

 

 

1

Прва страна  |  Симнете најнова верзија  |  Законски промени  |  Редовно известување  |  Политика на приватност  |  Контакт страна