fbpx

Тимот на Зонел Софтвер континуирано ги следи сите  најновите релевантни законски измени кои имаат  влиание врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена  истата ја имплементира во HELIX.

Најновата законска измена која е имплементирана е следната: Законска 76: Пресметка на просечна саатнина од 16 просечни плати.

Оваа законска промена  се имплементира поради измената на износот за највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување.

За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување од месец ЈАНУАРИ 2018 година, највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

За повеќе детали околу оваа  Законска измена  како и за други постари Законски измени кои се имплементирани во HELIX можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии