Многу сопственици на компании не се во можност целосно и соодветно да ги следат финансиските показатели на работењето на нивните компании поради недостаток на квалитетни извештаи и несоодветно следење на трансакциите. Да се знае во кој правец се движи вашиот бизнис, е од витално значење во создавањето на една успешна компанија.

Затоа се потребни лесни и ефективни алатки за следење на финансиското работење. Софтверското решение HELIX-К не само што помага во управување и следење на паричните текови, тој, исто така, помага во одредување на перформансите на вашиот бизнис.

Користењето на HELIX може да доведе до значителни придобивки за вашиот бизнис. Модулот HELIX-K е наменет за фирми кои интерно водат сметководство и за сметководствени бироа.

Изберете го HELIX за управување на финансиските процедури на вашата компанија и искористете ги предностите кои ги нуди нашиот иновативен и едноставен за користење софтвер за сметководствено, материјално и комерцијално работење. Не се потребни дополнителни знаења или квалификации, HELIX вклучува корисни и разбирливи видео упатства за да го подобрите и забрзате вашето финансиско работење.

Контактирајте нè за повеќе информации за HELIX програмата и нејзините модули.

HELIX KСамо мал дел од предностите од користење на HELIXK, модулот за сметководство

Сметководство често може да биде макотрпна задача која многу од нас би сакале да може се избегне. Иако софтверот за сметководството нема да ве ослободи од оваа работа, HELIX-K може да го направи сметководството во вашата компанија значително многу полесно.

  • Лесен за користење – HELIX на корисниците им овозможува јасен и едноставен интерфејс за да им помогне во работата со сметководствените податоци со леснотија и брзина. Дури и корисници со малку искуство во книговодството се сигурни дека информација е внесена правилно. При внесот на податоците HELIX не дозволува внес на погрешни податоци или ве предупредува дека немате внесено соодветен податок. Оваа функционалност може да ве спаси од многу дополнителна работа.
  • Финансиски Извештаи – Големиот број на богати извештаи на сопственикот на компанијата му овозможува проценка на финансиската состојба на неговата компанија во секој момент – со само еден клик на копче. Зголемената флексибилност кога се имаат вака прецизни податоци им овозможува на корисниците на HELIX да донесуваат навремени и правилни финансиски одлуки. Софтверот не ја презема улогата на книговодството – иако некој се уште треба да ги внесе податоците – брзината на внесување на податоците и брзината на изготвување на извештаите им остава дополнителнио време на вработените за анализа на добиените извештаи и анализа на финансиските податоци.
  • Даночна пријава – На крајот на годината, компаниите се мачат со подготовка на нивните даночни пријави. За некои компании тоа преставува толкава тешкотија што мора да ангажираат надворешни лица професионалци за подготовка на нивната даночна пријава. За среќа, HELIX е дизајниран така што брзо и ефикасно ги подготвува сите ваши документи потребни за известувања спрема државните институции и плус е компатибилен со различните видови на решенија на државните институции за пријава на тие документи и автоматски ви ги подготвува електронските документи за пријава на даноците. Ова на сопственикот на компанијата му овозможува да избегне додатни трошоци за подготовка на даночните пријави секоја година.

Стекнете комплетна контрола врз финансиските процедури во вашата организација со HELIX.

За да дознаете како да започнете со HELIX  во вашиот бизнис кликнете тука.

Побарај понуда

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,